Спорт

Ракометарите на Охрид во четвртфиналето на Европскиот куп

Македонскиот суперлигаш подобар и во реваншот со некогашниот трикратен европски првак во Прага со 30:24

Со победа и во Прага над некогашниот трикратен европски шампион Дукла од 30:24, откако во првиот натпревар дома ја совладаа со 30:21, ракометарите на Охрид се пласираа во четвртфиналето на Европскиот куп.

Во најмладото клупско натпреварување на ЕХФ, кое минатата сезона го освои Алкалоид, охриѓани меѓу осумте најдобри им се придружија на Целје, Олимпијакос, Бузау, Татабања и Извиѓач, а уште два реванша од осминафиналето ќе се одиграат утре.

Хрватското засилување од пред нецел месец на линијата од 6 метри Џанфранко Прибетиќ беше најефикасен кај гостите од Македонија со 7 гола од 9 удари, пред српскиот лев бек Стефан Петриќ со 5/5 и левото крило Гоце Ојлески со 5/6, а Хрватот Кристијан Пилиповиќ на голот запиша 12 одбрани со 39 отсто успешност.

 

 

 

Најнови вести од: Спорт

To top