Македонија

Февруари заминува со сонце

Целата седмица што претстои ќе ја одбележат температури значително над просекот за овој период од годината

Сончево време со умерена облачност за денеска најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималните температури ќе се движат во интервал од -6 до 2 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 8 до 16 степени.

Времето во Скопје ќе биде сончево и умерено облачно со слаб ветер од променлив правец. Температурите ќе се движат од минимални -2 до максимални 11 степени.

Според УХМР, од денеска следува период на стабилно време со пораст на дневните температури.

Кон крајот на денот во вторник едиствено се очекуваат услови за повремен локален дожд во североисточните делови на земјата.

Најнови вести од: Македонија

Македонија со стабилни девизни резерви, банките со солидна ликвидност

Во својот најнов извештај за нашата земја, меѓународната рејтинг-агенција „Фич“ ги нагласува кредибилноста и континуитетот на монетарната политика на Народната банка, како и стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Агенцијата оценува дека долгорочната посветеност за одржување стабилна монетарна политика, поддржана од фиксниот курс на денарот кон еврото, претставува важен фактор за макроекономската стабилност.

Ќе дадеме јасна предност на сериозни, добро осмислени и одржливи проекти, рече министерот Сулејмани за Годишните конкурси

Министерот ги повика уметниците, здруженијата, независните културни организации и сите заинтересирани апликанти да ги разгледаат условите на конкурсите и навремено да ги поднесат своите проекти.

Големата еко-акција: 30.000 граѓани засукаа ракави – ќе го чистат Скопје од ѓубре

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Макстил донираше инструмент за новата лабораторија на ТМФ – современа опрема за идните инженери

Лабораторијата за хемиски анализи на Технолошко-металуршкиот факултет доби X-ray инструмент (XRF), дониран од Макстил и Швајцарска амбасада преку Хелветас, со кој студентите ќе можат практично да го изучуваат составoт на металите.

To top