Македонија

Уличен „бокс-меч“ меѓу возачи во Скопје (ВИДЕО)

Снимка од тепачка, наводно меѓу возачи во Скопје, се појави на социјалните мрежи.

Според ограничените информации, инцидентот се случил синоќа на еден од скопските булевари.

Видеото прикажува двајца мажи кои, пред очите на бројни возачи, влегуваат во директна физичка пресметка на сред улица. Наместо вербална расправија, ситуацијата брзо ескалирала во уличен „бокс-меч“

Инцидентот е проследен со музичка подлога – песната „Amor Mio“ од DJ Valca, пуштена од возачот кој го снимал настанот.

Ваквите пресметки, според впечатоците од последниот период, зачестија не само во главниот град, туку и низ државата. Тие редовно се појавуваат во дневните билтени на Министерството за внатрешни работи, каде како причина најчесто се наведува „претходно недоразбирање во сообраќајот“.

Пред само две недели, сличен инцидент беше регистриран и на мостот Гоце Делчев, на неколку стотини метри од зградата на Владата, што укажува дека нервозата зад воланот сè почесто преминува во отворено насилство на јавна површина.

Најнови вести од: Македонија

Училишна кошничка со попуст до 15 проценти, Владата ќе ја разгледа нацрт-одлуката на 25 август

Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна кошничка, која во консултациите со трговците на големо и мало кои продаваат училишен прибор била прифатена како соодветен и практичен модел за намалување на трошоците за родителите пред почетокот на новата учебна година – информира денеска Министерството за економија и труд.

Вреди: Али Ахмети и Ислам Абази должат одговор како е можно по 14 изгубени животи на крајот да излезе дека е „виновен“ кабелот?!

„Свесното жртвување на обвинението за трагедијата во модуларната болница во Тетово претставува повторно жртвување на 14-те настрадани, на нивното достоинство и на болката на нивните најблиски. Али Ахмети и обвинителството раководено од Ислам Абази должат одговор пред јавноста: како е можно по 14 изгубени животи на крајот да излезе дека „виновен“ е кабелот? Овој случај ризикува да остане запаметен како еден од најсрамните примери за институционална неодговорност и заробено правосудство!“ – реагира жестоко партијата Вреди.

МВР: „Летањето“ дронови без дозвола претставува опасност

Лицата кои не ги исполнуваат законските услови за управување со беспилотни воздухоплови – дронови и немаат соодветни одобренија, регистрации или сертификати, да не вршат операции со дронови спротивно на важечките прописи

To top