Македонија

ТВ 21: Веќе е осигурена соработката на АА на Таравари со Еврофронтот?! Тој не исклучува нивни заеднички листи на локалните избори

„Претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари ја напушти коалицијата Вреди, поради идејата за излегување со посебни листи за советници на општинските избори. Сега, додека преговара со Еврпопскиот фронт, вели дека работните групи ќе одлучат дали ќе излезат со заеднички, или со посебни листи.“ – објави ТВ 21. Натаму телевизијата истакнува: „Ќе има работни групи, […]

„Претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари ја напушти коалицијата Вреди, поради идејата за излегување со посебни листи за советници на општинските избори. Сега, додека преговара со Еврпопскиот фронт, вели дека работните групи ќе одлучат дали ќе излезат со заеднички, или со посебни листи.“ – објави ТВ 21.

Натаму телевизијата истакнува: „Ќе има работни групи, кои ќе продолжат да се координираат и ќе видиме дали ќе настапиме на локалните избори со заеднички или посебни листи. Во принцип, како претседател бев за излегување со посебни листи, но сега гледам дека нашето членство и претседателството се подготвени, ако може да се најде заеднички јазик да настапиме со заеднички листи. Но за тоа мора да одлучи претседателството и собранието на партијата“, рече Арбен Таравари – АШ.

Од ова Таравари остава да се подразбере дека соработката со Европскиот фронт е веќе осигурена. – извести ТВ 21.

Најнови вести од: Македонија

Судскиот совет му го одзеде имунитетот на судијата Ѓоко Ристов, се бара и куќен притвор

Единицата за корупција во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против судијата Ѓоко Ристов од Неготино, со живеалиште во Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „противправно стекнување и прикривање имот“ по чл.359-а ст.3 в.в. ст.1 и „перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 ст.1 од КЗ.

Тестирање на камерите на „Безбеден град“ уште некој ден – наскоро ќе фрчат казни за прекршителите

Од сега до 31 јануари ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на уредите поставени за надзор на сообраќајот во рамки на проектот „Безбеден град. Од МВР информираат дека тестирањата ќе се реализираат секој ден, од 08:00 до 20:00 часот, при што за време на овие активности нема да биде дозволено поминување на возила додека не заврши постапката.

To top