Македонија

Продолжува кравјата криза во Крива Паланка: Русокосата газдарица ги попречува инспекторите да ги одземат кравите (ВИДЕО)

Денеска акцијата на инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство, со асистенција на полицијата, за прибирање на слободно движните крави ескалираше во тензична ситуација.

Денеска акцијата на инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство, со асистенција на полицијата, за прибирање на слободно движните крави ескалираше во тензична ситуација.

Од вкупно околу 500 грла добиток што се движат без контрола со месеци, денеска биле заловени и натоварени само десетина крави кај помошниот објект во близина на градскиот базен.

Членови на семејството на сопственикот се обидуваа да ги оттргнат животните од инспекторите, насочувајќи ги кон планинските предели.

Најактивна беше Јулија, ќерката на сопственикот , која трчаше по стадото и се обидуваше да го спречи нивното одземање.

Во еден момент дојде до физички турканици и расправии меѓу службените лица и семејството. Дел од инспекторите пријавија дека биле попречувани во извршувањето на задачата.

Сопственикот Гоце Ѓорѓиевски изјави дека нема спор со институциите, но инсистира неговите крави да бидат соодветно згрижени, бидејќи семејството се грижи за нив повеќе од три децении. Тој ја оспорува постапката за одземање и смета дека проблемот треба да се реши со соодветна инфраструктура за добитокот.

Проблемот со слободно движните стада во кривопаланечкиот регион трае со месеци, а жителите се жалат на оштетени градини, ниви, патишта и јавни површини.

Денешната акција покажа дека спроведувањето на мерките е тешко и често наидува на отпор од сопствениците.

Општината и месните заедници го поддржуваат мирен протест утре, со цел да се привлече вниманието на надлежните институции за трајно решение на проблемот.

 

 

Поврзани вести на истата тема

(ВИДЕО) Русокоса газдарица дели боксови во кал – Ескалира ,,Кравјата криза” во Крива Паланка

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top