Македонија

Зошто Заев сака да ги суди Митрев и Петрушевски во Струмица

Најмалку две причини зошто би било фарса кардиохирургот и пратеникот да бидат судени во Струмица

Или неговиот адвокат и роднина Горан Заев не го знае законот или пак екс премиерот Заев има своја тајна и перфидна агенда во тужбата против кардиохирургот Жан Митрев и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

Во тужбите кои ги објави на Фејсбук Зоран Заев откри дека тие се поднесени во неговиот роден град каде тој и неговото семејство се главни фактори на моќ речиси 30 години.

Ако се претпостави дека неговиот адвокат Горан Заев има елементарно познавање на правото и знае што е месна надлежност на судовите тогаш логично е да се дојде до суштински заклучок зошто Зоран Заев сака судењето да се случи во неговиот град.

Познавачи на македонскиот правосуден систем сметаат дека Заев сака судењето против Жан Митрев и Бране Петрушевски да се случува во Струмица, меѓу судии кои ги познава и со кои, ако не тој, тогаш негови блиски луѓе имаат блиски односи.

Во релативно мал град како Струмица каде сите се познаваат, речиси извесно е дека некој од блиските роднини на Заев има роднинска, пријателска, сватовска или бизнис врска со блиски на судијата кој ќе го суди случајот и со тоа Заев може да оствари директно влијание на процесот.

Како ќе биде судијата или судијката непристрасен ако блиски роднини на судиите се вработени во фирмите на Зоран, Трајче или Вице Заеви, прашува познавач на состојбите во Струмица и општо на односите во урнисаното македонско правосудство.

Обидот на Заев да ги тужи Жан Митрев и Бране Петрушевски во Струмица е спротивен на законот.

Според членот 22 од Законот за граѓанска одговорност, односно за клевета и навреда во ставот 3 јасно се укажува дека судењето не смее да се случи во Струмица.

Законот предвидува ако навредата или клеветата е сторена преку средство за информирање, месно надлежен е судот во кое се наоѓа неговото седиште.

Ако неговото седиште е во странство, надлежен е судот на чиешто подрачје се наоѓа седиштето на дистрибутерот на средството за информирање.

Во случајот со Жан Митрев кој наводите за Заев и Филипче ги даде преку ТВ Алфа ТВ која нема седиште во Струмица, судењето мора да се случи во Скопје каде е седиштето на телевизијата.

Слично е и со Петрушевски, неговата прес конференција ја пренесоа медиуми од кои само неколку имаат седиште во Струмица.

Друга причина зошто судење на Митрев и Петрушевски би била фарса е тоа е што во Струмица нема судии кои се специјализирани за клевета и навреда какви што има во Скопје.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Очекувам во јунскиот извештај на ЕУ да бидеме најдобри исто како во декемврискиот, има уште време за разговори со опозицијата за изборниот закон

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека очекува во јунскиот извештај на ЕУ да бидеме најдобри исто како и во декемврискиот. Тој уште еднаш повика на разговори со опозицијата за Изборниот законик, за што кажа дека се уште има шанса да биде донесен и да биде исполнет и десетиот чекор од зададениот грејс период.

Денес се одбележуваат великото дело и личноста на Свети Наум Охридски, еден од основоположниците на македонската и сесловенската писменост (1)

Денес Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и сиот македонски народ, не само оние, кои се православни христијански верници, го одбележуваат црковно-народниот празник, посветен на личноста и великото дело на Свети Наум Охридски – Чудотворец, еден од основоположниците на македонската и сесловенската писменост и просвета, заедно со светите браќа Кирил и Методиј, како и со Св. Климент. Свети Наум Охридски останува запаметен како исцелител и просветител на македонскиот народ, но како и заштитник на манастирот „Св. Наум“ во Охрид. Охридската книжевна школа, како најстара средновековна македонска книжевна школа, е формирана во 886 година од Свети Климент Охридски. Во 893 година на Климент му се придружува Свети Наум Охридски, откако Климент е назначен како епископ. Во рамките на Охридската книжевна школа биле обучени повеќе од 3.500 ученици и таа одиграла клучна улога во описменувањето, како и во ширењето на македонската и словенската писменост и култура.

Најнови вести

To top