Македонија

Трипуновски: Нема кратење на субвенциите за земјоделците, манипулацијата на опозицијата паѓа во вода

Нема кратење на субвенциите со новата Програма за директни плаќања туку воведување ред и правична распределба на парите за земјоделците, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на седницата за пратенички прашања.

Целта, посочи министерот, е поддршката од државата да заврши кај вистинските земјоделци.

Трипуновски ги претстави новитетите во програмата посочувајќи дека има зголемување на минималните прифатливи прагови за користење на земјоделски субвенции.

Поткревањето на праговите нема да се случи веднаш во првата година од воведувањето на Програмата, туку во наредните две години, направена е посебна мерка во Програмата и сите корисници кои не ги исполнуваат праговите ќе имаат период од максимум две години да ги исполнат и да влезат во повисока категорија, рече Трипуновски.

Со тоа, дополни, паѓа во вода манипулацијата на опозицијата дека ќе се намалат субвенциите за малите корисници и дека ќе останат без финансиска поддршка.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката

Премиерот Мицкоски: Нема да прифатиме услови што ги прифати претходната влада

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува на ставот дека нема да прифати безусловни уставни измени според условите што ги прифатила претходната влада, оценувајќи дека тоа не претставува реформа.

To top