Македонија

Алиу: Огромен дел од учениците – 86,9% отсто ја поддржуваат мерката за забрана на пушење

Законот го носиме за новите генерации

Министерот за здравство Азир Алиу денеска одржа прес-конференција, заедно со директорката на Институт за јавно здравје,  д-р Марија Андоновска и д-р Аким Али, претставник на Светска здравствена организација и шеф на канцеларијата на СЗО во земјава, по повод презентирање на резултатите од глобалното истражување за употреба на тутун кај младите.

Податоците од истражувањето покажуваат дека 13,6% од учениците на возраст од 13 до 15 години моментално користат некаков тутунски производ, и тоа е највисока преваленца досега регистрирана. Дополнително загрижувачки се податоците дека дури 57% од младите биле изложени на тутунски чад во домот, додека 55,4% биле изложени на чад во затворени јавни простори.

– Тоа што е индикативно за нас како креатори на здравствените политики е дека огромен дел од испитаните ученици ја поддржуваат мерката за забрана за пушење во затворени јавни простори. Вкупно 86,9% од испитаниците ја поддржуваат оваа мерка. Токму затоа, новиот предлог-закон за заштита од пушењето го носиме како закон за новите генерации, со  порака упатена до младите дека државата конечно застанува на нивна страна. Суштинската цел е денормализација на пушењето, а тоа ќе го постигнеме преку четирите столба на законот, а тоа се: целосна заштита од пасивно пушење, намалување на привлечноста, односно забрана на продажба на производи што содржат карактеристични ароми кои создаваат препознатлив вкус или сензорен ефект различен од природниот тутунски профил, како и ограничување на маркетингот и изложувањето и ограничување на достапноста и засилена контрола на продажбата на малолетници, истакна министерот Алиу во обраќањето.

Тој додаде дека Министерството за здравство заедно со Институтот за јавно здравје, Светската здравствена организација и сите надлежни институции продолжува одлучно да развива системски капацитети за контрола на тутунот и заштита на здравјето на сите граѓани, а особено на младите.

Директорката на Институт за јавно здравје, д-р Марија Андоновска посочи дека резултатите од последното истражување покажуваат три важни работи. Прво – употребата на никотинот кај младите останува значаен јавноздравствен предизвик. Второ – новите никотински производи земаат се поголем замав и ја менуваат сликата на зависноста кај адолесцентите и како трето – изложеноста на чад преку пасивно пушење, влијанието на маркетингот и достапноста на производите за малолетни лица се уште претставуваат сериозен системски предизвик.

-Податоците покажуваат и нешто друго-постои силна поддршка кај младите за заштитни мерки и јасен потенцијал за успешни политики. Тоа ни дава основа за делување. Како ИЈЗ наша задача е да обезбедиме научно засновани докази. Тие докази денес се ставени на располагање на институциите, носителите на одлуки и јавноста. Одлуките што ќе следат не се само административни, тие се одлуки за здравјето и иднината на оваа генерација, посочи д-р Андоновска.

Д-р Аким Али, претставник на Светска здравствена организација и шеф на канцеларијата на СЗО во земјава истакна дека од искуството од други земји знаеме дека законот за заштита од пушење е особено важен за заштита на децата, бремените жени, постарите лица, како и за работниците и за сите граѓани во земјава.

-Кога се воведува ваков закон, се намалува бројот на приеми во болница, бројот на мозочни удари и смрт од кардиоваскуларни болести. Но, исто така, креира простор во услужната индустрија за поголем промет, затоа што повеќе луѓе доаѓаат заради просторите без тутун и пушачите во многу други земји го поздравуваат донесувањето ваков закон, истакна д-р Али, потенцирајќи дека е време да ги заштитиме нашите деца, да ја заштитиме нашата иднина, и ни една просторија не е приватна каде што вработените и децата се изложени на дим од цигари.

Најнови вести од: Македонија

АНБ разби радикална терористичка група поврзани со Исламска држава и со обидот за палежот на еврејската синагога во Скопје!

Агенцијата за национална безбедност согласно своите надлежности презеде оперативно-технички и аналитички мерки и активности со цел идентификување на мотивите и непосредните извршители на обидот за опожарување на објектот на Еврејска заедница во Скопје. Во таа насока од страна на Агенцијата се прибраа информации и беа идентификувани лица – најверојатни извршители и нивна логистичка мрежа, како и повеќе објекти во Скопје, кои според нашите индиции, како дел од радикална групација идеолошки надоврзани на глобалната мрежа на Исламска држава, непосредно по повикот на споменатата терористичка организација од почетокот на април, презедоа насилни активности.

Поранешниот градоначалник на Струмица „заработи“ кривична пријава, поради сомнеж за злоупотреба на овластувањата – потпишал изградба на дивоградба!

Поднесена е кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица и уште четири лица за „несовесно работење во службата“, злоупотреба на службена положба и овластување“ и „бесправно градење“

Приведени седуммина за обидот за палење на синагогата на Еврејската заедница во Скопје, одреден притвор за двајца поради сомнеж за „тероризам“

Министерството за внатрешни работи го расчисти случајот со обидот за опожарување на верскиот објект на Еврејската заедница во Скопје на 12.04.2026 околу 5 часот изутрината. Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со СВР Скопје и Агенцијата за национална безбедност. Беа преземени повеќе оперативно- тактички мерки на подрачје на град Скопје.

Седумина приведени за тероризам поради обидот за палење на објект на Еврејската заедница

Веднаш по пријавата, Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со СВР Скопје и Агенцијата за национална безбедност, презеде интензивни оперативни мерки.

Најнови вести

To top