Македонија

Отворен Генерален конзулат на Албанија во Струга

„Република Албанија е наш сосед, регионален партнер во НАТО и сојузник, а односите и соработките меѓу двете земји се засновани на взаемна доверба, почит и посветеност за реализирање на стратешките цели на двете држави во рамки на процесот на евроинтеграција“ истакна денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на отворањето на Генералниот […]

DCIM100MEDIADJI_0059.JPG

„Република Албанија е наш сосед, регионален партнер во НАТО и сојузник, а односите и соработките меѓу двете земји се засновани на взаемна доверба, почит и посветеност за реализирање на стратешките цели на двете држави во рамки на процесот на евроинтеграција“ истакна денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на отворањето на Генералниот конзулат на Албанија во Струга со албанскиот министер за надворешни работи Игли Хасани.

На настанот присуствуваа и првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, заменик министерот за правда Ален Деребан, пратеници…

Отворањето на Генералниот конзулат во градот на поезијата, според Муцунски, нема да претставува само институционално присуство, туку ќе биде и силен мост на комуникација меѓу, како што рече, две пријателски и соседни држави и симбол на блискост, заемно разбирање и соработка.

 „Историски ден за Албанците во С. Македонија! Денес, Струга не е само град на езера и поезија, туку стана и град на албанската дипломатија, честиташе денеска  лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари по повод денешното отворање на Генералниот конзулат на Република Албанија во овој град. 

„…долгоочекуван чекор за да бидеме поблиску до албанските граѓани од оваа страна на границата. Ние, како Алијанса за Албанците, го поздравуваме овој важен чекор и го сметаме за политичка волја за зајакнување на нашите историски, културни и национални врски со Албанија, но и како конкретно олеснување за илјадници граѓани на кои им се потребни конзуларни услуги без да мора да патуваат на долги растојанија. Честитки, напиша на Фејсбук Таравари.

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top