Натаму во колумната со наслов „Десет причини зошто треба Македонците да го учат албанскиот јазик, а не да го мразат“ Пајазити пишува: Во последните децении ова се докажа со многу полициски акции диригирани од државните институции. Насилното затворање на албанските средни училишта во текот на 80-тите години од минатиот век, забраната за албански имиња, одбивањето да се отвори првиот универзитет на албански јазик во Македонија, именувањето на улиците, плоштадите, знаците, комуникациите само на македонски јазик, отсуството на албанскиот јазик во највисокиот правен акт – уставот… и тн.
Сите овие брутални активности им наштетија на Македонците, бидејќи албанскиот јазик не може да исчезне: тој ги преживеал многуте бури и најмоќните империи 6 илјади години по ред. Овие методи, оваа негативна енергија и овој скандалозен пристап ги направија посиромашни Македонците и нивните соседи околу. Ако се оддалечат Македонците од овој начин на размислување, ќе имаат многу придобивки. Еве само неколку факти зошто треба да се учи и да се официјализира албанскиот јазик на целата територијата на низ целата земја.
Македонците треба да учат албански затоа што: албанскиот јазик е еден од најстарите јазици во индоевропското јазично семејство; можат слободно да комуницираат со своите сограѓани-Албанци и да ги отстранат сите бесмислени предрасуди и стереотипи; јазичната разновидност е богатство на секоја земја; можат да имаат пристап до пазарот на трудот во албанските компании во Македонија, Косово, Албанија, Црна Гора и Прешевската долина; можат полесно да основаат компании, насекаде на албанските територии во регионот.
Македонците треба да учат албански и затоа што: младите истражувачи можат да ја проучуваат и да ја користат албанската литература; можат да ги олеснат и да ги направат попријатни патувањата и туризмот; ќе бидат со поотворен ум; ќе бидат потолерантни; ќе бидат посреќни. – тврди во својата колумна професорот Мухамер Пајазити.