Македонија

Државата ќе ги урива дивоградбите во Охрид, распишан оглас за избор на фирма

Министерството за транспорт објави тендер за избор на фирма за уривање дивоградби. Како што велат од Министерството за порталот САКАМДАКАЖАМ.МК, тендерот се однесува само за дивоградби од А категорија во заштитени подрачја. „Тендерот е објавен за да бидеме спремни за можни ситуации. Ова го правиме затоа што во Охрид за заштитениот дел има дивоградби, па […]

Министерството за транспорт објави тендер за избор на фирма за уривање дивоградби. Како што велат од Министерството за порталот САКАМДАКАЖАМ.МК, тендерот се однесува само за дивоградби од А категорија во заштитени подрачја.

„Тендерот е објавен за да бидеме спремни за можни ситуации. Ова го правиме затоа што во Охрид за заштитениот дел има дивоградби, па за да има фирма да може да се постапува. Идеја е да имаме спремен тендер да може да се постапува кога ќе има потреба“, велат од Министерството за транспорт.

Постапката за уривање ќе ја води Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, кој е под надлежност на Министерството за транспорт . Во фокусот ќе бидат дивоградбите долж охридското крајбрежје, кои Општина Охрид со години не ги урива.

Најнови вести од: Македонија

Василевска: Дали за СДС патот до ЕУ е преку бегање од работни групи и негласање за реформски закони?

Пратеничката посочува дека кога ќе дојде редот да се работи на реформите , од СДСМ не ги поддржуваат законите, но и избегнуваат да учествуваат и во процесите што треба да доведат до нивно креирање

За 40% намален бројот на загинати во сообраќајки по воведувањето на „Безбеден град“

Тошковски вели дека е еден од најзначајните кои го реализирале, претворајќи го во еден од клучните механизми за унапредување на безбедноста и модернизација на полициското работење

To top