Македонија

Водна криза: Граѓани на Струга бараат Владата да воведе вонредна состојба

Состојбата веќе не може да се третира како краткорочен технички проблем, туку како „сериозна и долготрајна здравствена и еколошка криза

Група граѓани од Струга апелираат Владата да прогласи кризна состојба во општината поради продолжениот недостиг на безбедна вода за пиење. Според нив, состојбата веќе не може да се третира како краткорочен технички проблем, туку како „сериозна и долготрајна здравствена и еколошка криза што директно ги загрозува здравјето и основните услови за живот на граѓаните“ и тоа да се земе како основ за нивната иницијатива.

Стружани речиси еден месец се соочуваат со вода што не е безбедна за пиење, а решение на повидок сè уште нема. Со приближувањето на летната сезона, постои реална опасност од дополнителни рестрикции и продлабочување на проблемот.

Жителите на Струга веќе една недела не можат да ја користат водата од градскиот водовод

Иницијаторите на повикот за воведување вонредна состојба нагласуваат дека „прогласувањето кризна состојба не треба да се толкува како политички чин, туку како законски механизам што се активира кога се загрозени здравјето на луѓето и животната средина, а редовните институционални механизми не се доволни“.

Со таква одлука, велат тие, би се овозможила централизирана координација на сите надлежни институции, мобилизација на државни и приватни ресурси, воведување итни и задолжителни мерки за санација, како и поефикасно управување со кризата на терен.

Покрај итните мерки, граѓаните бараат и координирана истрага за утврдување на одговорноста за настанатата состојба. Потсетуваат дека станува збор за можни тешки дела против животната средина и природата, за кои Кривичниот законик предвидува затворски казни од најмалку четири години.

Дел од еколошките организации укажуваат и на постоење на можни елементи на кривично дело „Екоцид”, за кое се предвидени значително повисоки санкци.

Две компании кои ископувале кај изворите во Шум предизвикале загадување на водата во Струга

Најнови вести од: Македонија

„СДК“: На „Маркова нога“ ќе се обнови спомен-плочата за седумте младинци од Лерин, ѕверски убиени на 17.1.1944 од бугарскиот фашистички окупатор

„На седумте младинци борци од Лерин, ѕверски убиени на 17 јануари 1944 година од бугарскиот фашистички окупатор“, пишува на спомен-плочата на граничниот премин Маркова Нога. Повторното отворање на граничниот премин Маркова Нога во Преспа ќе нема само политичко, и економско начење. Преминот ќе биде и место за историско сеќавање бидејќи непосредно до него, на македонската страна, се наоѓа спомен-плочата за седумте младинци од Лерин кои беа измачувани и убиени од фашистичките сили за време на Втората светска војна, објави информативниот портал „СДК“.

Монах Амвросиј: Свети Наум ја градеше душата на древниот македонски народ, кој стои со својот идентитет во темелите на европската цивилизација! (2)

„Во тишината на бреговите на Охридското Езеро манастирот ‘Свети Наум’ со векови ја чува духовната светлина на македонскиот народ.  За да ја разбереме духовната мисија на манастирот ‘Свети Наум’ денес мораме да погледнеме во длабочината на нашиот историски и духовен континуитет. Кога Свети Наум го основал овој манастир во 905 година на брегот на Охридското Езеро, тој не градел само ѕидови, туку ја градел душата на еден народ. Ова свето место не е само нем споменик од минатото, туку жива лулка, во која пулсираат македонскиот идентитет и нашата национална меморија. Манастирот ‘Свети Наум’ е жива историска енциклопедија, во која е впишан целиот македонски национален и духовен код. Овде не се вкрстувале само патиштата на обичните луѓе, туку овде се кршеле копјата на најголемите империи, а манастирот секогаш останувал исправен како светилник на нашата самобитност. Затоа, манастирот ‘Свети Наум’ не е само историја. Тој е жив доказ дека еден народ, што го изградил својот идентитет врз писменост, вера и манастирска непокорност, никогаш не може да биде избришан од мапата на светот!“ – нагласува во интервју за „Нова Македонија“ монахот Амвросиј, жител на ова свето место и моментно студент на Московската духовна академија.

Мицкоски: Очекувам во јунскиот извештај на ЕУ да бидеме најдобри исто како во декемврискиот, има уште време за разговори со опозицијата за изборниот закон

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека очекува во јунскиот извештај на ЕУ да бидеме најдобри исто како и во декемврискиот. Тој уште еднаш повика на разговори со опозицијата за Изборниот законик, за што кажа дека се уште има шанса да биде донесен и да биде исполнет и десетиот чекор од зададениот грејс период.

Денес се одбележуваат великото дело и личноста на Свети Наум Охридски, еден од основоположниците на македонската и сесловенската писменост (1)

Денес Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и сиот македонски народ, не само оние, кои се православни христијански верници, го одбележуваат црковно-народниот празник, посветен на личноста и великото дело на Свети Наум Охридски – Чудотворец, еден од основоположниците на македонската и сесловенската писменост и просвета, заедно со светите браќа Кирил и Методиј, како и со Св. Климент. Свети Наум Охридски останува запаметен како исцелител и просветител на македонскиот народ, но како и заштитник на манастирот „Св. Наум“ во Охрид. Охридската книжевна школа, како најстара средновековна македонска книжевна школа, е формирана во 886 година од Свети Климент Охридски. Во 893 година на Климент му се придружува Свети Наум Охридски, откако Климент е назначен како епископ. Во рамките на Охридската книжевна школа биле обучени повеќе од 3.500 ученици и таа одиграла клучна улога во описменувањето, како и во ширењето на македонската и словенската писменост и култура.

Најнови вести

To top