Македонија

Ѓорѓиевски: Со подземната сообраќајница ќе се намалат за најмалку една третина метежот и сообраќајниот хаос во Скопје

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски изјави дека булеварот „Македонија“ е еден од најсериозните капитални проекти за градот, којшто било кога во минатото е започнат да се реализира.

„Започната е првата фаза и подготовките на влез во подземната сообраќајница. Во меѓу време распишана е постапка и за втората фаза: таа ќе претставува пополнување на подвозник, кој е кон Министерството за внатрешни работи од страната од кај Рамстор, како и израмнување на сиот тој простор, два кружни тека и седум метри влез. До почетокот, или до средината на наредната 2027 година, планираме да биде целосно завршен овој дел од Кисела Вода и да ни останат двете последни фази. Тоа е четврта лента наспроти Рамстор, каде што има три ленти во моментов, и завршување на излезот практично од Лимак, и спојување на цел потег со Католичка црква, до крајот на мојот мандат.“ – посочува градоначалникот на Скопје Ѓорѓиевски. 

Тој ја истакнува својата убеденост дека проектот ќе биде завршен и порано. „Тоа е прв ваков обемен проект, кој, според сите студии, ќе го намали за една третина сообраќајниот метеж во централното подрачје на Скопје.“ – нагласи Ѓорѓиевски.

Дополнително, тој на својот фејсбук-профил напиша: „Засилено се работи на реализацијата на еден од најголемите капитални проекти во Скопје: булеварот ,’Македонија’, со кој за првпат во државата се гради и пушта во употреба првата подземна сообраќајница. Тоа е стратегиски проект, што значително ќе го подобри сообраќајниот проток и ќе донесе ново, модерно решение за поголема подвижност во главниот град. Со неговата реализација, метежот и сообраќајниот хаос во Скопје ќе се намалат за најмалку 33 отсто, што претставува огромен чекор кон пофункционален, поуреден и поефикасен град.“

Најнови вести од: Македонија

Клучката кај Момин Поток ќе биде завршена до Нова година

Градежните работи на клучката кај Момин Поток се 75 проценти реализирани. Овој потег ќе биде завршен до Нова година, а по пуштањето во употреба сериозно ќе го намали метежот и ќе овозможи сугурен, безбеден сообраќај, рече денеска градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски изврши увид во градежните работи.

To top