Македонија

Институтот за јавно здравје отстрани 10 тони опасен хемиски отпад што можел да предизвика хаварија

Во рамки на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) повеќе од 10 години се чувале 10 тони опасен хемиски отпад, што можел да предизвика хаварија и претставувал голем ризик за здравјето на луѓето и безбедноста. Како што информира денеска директорката на Институтот, Марија Андоновска отпадот е моментно безбедно отстранет и  нема да остане во државата, туку ќе биде согорен надвор.

Се работи за исцедоци од лабораториски анализи, хемикалии од различен вид и во различна агрегатна состојба. Според Андоновска, отпадот бил многу лесно испарлив и запалив, поради што и претставувал голема потенцијална опасност. -Немавме упатство за управување со отпадот, но веднаш ги алармиравме институциите. За среќа избегнавме хаварија и го отстранивме. Очекувам одговорност, истакна Андоновска.

Според технологот Трајче Србиновски кој бил дел од тимот ангажиран за отстранување на отпадот, во државата има многу вакви жаришта и опасноста од нив е многу голема. -Неколку јавни институции не повикаа да направиме увид, да се детектираат критичните точки. Чистењето зависи од обемот на хемикалиите, од начинот како се складирани, а цената е можеби висока зашто активна депонија немаме, објасни Србиновски.

Засега се уште не се знае каде  ќе биде извезен и согорен отпадот од ИЈЗ

Македонска информативна агенција – МИА

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски ја обвини СДС за ширење хистерија и политизирање на западнонилската треска!

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски реагираше на обвинувањата на СДС за наводно „задоцнето справување со комарците и зголемениот број случаи на западнонилска треска“. Преку општествената мрежа тој нагласи: „Новата хистерија на СДС, по хистеријата за скопската вода, е оваа за комарците. Но, здравјето на скопјани е премногу сериозна работа за да биде средство за дневнополитички поени. А за Филипче воопшто да не се грижите, јахтата на Заев најверојатно е побрза од комарците и тој е безбеден!“

Ангелов: Дејствуваат три „воздушни трактори“, заштитивме неколку манастири, сѐ уште е активен пожарот кај Чаниште, но не загрозува некое село

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, преку видеоизјава истакна дека сѐ уште е активен пожарот кај прилепското село Чаниште. Тој не очекува пожарот да го загрози ова, или некое друго село.

To top