Македонија

Шест возачи приведени поради безобѕирно возење, меѓу нив и двајца малолетници! Управувале автомобили без возачка дозвола, еден бил и пијан!

Полицијата вчера на територијата на целата држава лишила од слобода шест возачи поради безобѕирно управување со моторно возило, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од нив, петмина управувале возило без возачка дозвола, а еден возач бил фатен како вози под дејство на алкохол.

Меѓу лицата кои возеле без дозвола има и двајца малолетници. Едниот во Скопје управувал мотоцикл, додека другиот во Штип управувал патничко возило без да поседува возачка дозвола.

Во Гостивар биле лишени од слобода двајца возачи кои управувале возило без дозвола, при што едниот од нив возел и во спротивна насока. Еден возач без дозвола бил приведен и во Струмица.

Во Виница, пак, полицијата лишила од слобода возач кој управувал возило под дејство на алкохол.

По целосното документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај – информираат од МВР.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски ја обвини СДС за ширење хистерија и политизирање на западнонилската треска!

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски реагираше на обвинувањата на СДС за наводно „задоцнето справување со комарците и зголемениот број случаи на западнонилска треска“. Преку општествената мрежа тој нагласи: „Новата хистерија на СДС, по хистеријата за скопската вода, е оваа за комарците. Но, здравјето на скопјани е премногу сериозна работа за да биде средство за дневнополитички поени. А за Филипче воопшто да не се грижите, јахтата на Заев најверојатно е побрза од комарците и тој е безбеден!“

Ангелов: Дејствуваат три „воздушни трактори“, заштитивме неколку манастири, сѐ уште е активен пожарот кај Чаниште, но не загрозува некое село

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, преку видеоизјава истакна дека сѐ уште е активен пожарот кај прилепското село Чаниште. Тој не очекува пожарот да го загрози ова, или некое друго село.

To top