Регион

Грција ќе ја штити Бугарија од балистичките проектили на Иран!

Грчкиот министер за одбрана, Никос Дендиас, во петокот објави распоредување на системи „Патриот“ во северна Грција, за да ѝ обезбеди на Бугарија „антибалистичка заштита од Иран“. Дендиас објави дека батерија „Патриот“ ќе биде преместена на северот на земјата „во наредните часови“. Два грчки авиона „Ф 16“ веќе се преместени во северна Грција со „ексклузивна задача да обезбедат дополнителна заштита на Бугарија“, нагласи грчкиот министер.

„Имав уште еден разговор со мојот бугарски колега Атанас Запрјанов и го информирав дека Грција ќе ѝ даде секаква можна помош на Бугарија, за да ја заштити од балистичка закана од Иран“, напиша Дендијас на платформата икс. За време на телефонскиот разговор двајцата министри разговарале и за „зголемување на нивото на подготвеност на системот за противвоздушна одбрана вдолж југоисточниот дел“ на Алијансата, што претходно го објави и НАТО, според соопштението на бугарското Министерство за одбрана објавено во петокот.

Бугарските власти ја засилија безбедноста во американските и израелските објекти во земјата поради ситуацијата на Блискиот Исток.  Во понеделникот Дендиас изјави дека Грција ќе ја поддржи одбраната на Кипар „со сите можни средства“. Во среда, Грција ги испрати авионите „Ф 16“ стационирани на Кипар поради извештаи за сомнителен објект во близина на либанскиот воздушен простор. Во четвртокот, Атина распореди и ракети „Патриот“ на островот Карпатос, кој е дел од Додеканеските острови, во близина на турскиот брег, а од почетокот на новата војна на Блискиот исток, Грција испрати две фрегати и четири авиони „Ф 16“ на Кипар.

Најнови вести од: Регион

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

БИА ги отфрла обвинувањата за незаконско следење и посочува дека имаат цел да ја дестаблизираат Србија

Од БИА истакнуваат дека и во најтешките времиња работата на Агенцијата ја носеле чесни луѓе кои својот живот го посветиле на заштитата на Република Србија и нејзините граѓани.

To top