Регион

Вулин сепак стигна во Москва: „Не сум избегал никаде“ (ВИДЕО)

Тврди дека целта е продолжување на гасниот договор со Русија

Александар Вулин, претседател на Движењето на социјалистите и претседател на Надзорниот одбор на „Србијагас“, денеска потврди дека пристигнал во Москва. Тој објави видео на Instagram со порака „Стигнав во Москва“ и категорично ги отфрли тврдењата дека избегал од Србија.

Вулин изјави дека во руската престолнина ќе има серија средби посветени на продолжување на гасниот аранжман меѓу Србија и Русија. Тој нагласи дека не би заминал никаде без своето семејство и остро ги нападна медиумите и лицата кои објавија дека авионот во кој се наоѓал бил вратен во Белград затоа што тој не ја почитувал безбедносната процедура.

Потсетуваме, авионот на Air Serbia што синоќа (3 ноември) полета кон Москва беше вратен во Белград поради дополнителни безбедносни проверки поврзани со еден патник. Летот пристигна во Москва денеска со околу седум часа задоцнување. Меѓу патниците беа Вулин, директорот на „Србијагас“ Душан Бајатовиќ и министерот без ресор Ненад Поповиќ.

Според неофицијални информации, авионот бил ставен во процедура што се применува при сценарио на „бомбашка закана“. Вулин ги негираше овие наводи и инсистираше дека целосно ги поминал безбедносните контроли.

Тој порача дека целта на патувањето е исклучиво службена – обезбедување продолжување на гасниот аранжман од кој, како што рече, зависи снабдувањето на Србија.

Најнови вести од: Регион

Свинаров: Софија се плаши да не го налути „Големиот брат“

Причината поради која бугарските власти се воздржуваат од тоа јасно да ја посочат Русија како одговорна за серијата напади со беспилотни летала во Црното Море, е политичка зависност што се таложела со генерации

Полетал за Москва – го вратиле во Белград!?

Вратен авион во кој бил Александар Вулин, поранешен српски министер и поранешен шеф на разузнавачката агенција БИА,. По слетувањето во Белград им се обратил на полицајците со прашањето: „Колеги, дали дојдовте по мене?“

Вучиќ: Криминалци ја преземаат контролата и ја уништуваат Србија

Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“, изјави дека „криминалниот клан од Врачар“ упатува закани кон успешни поединци низ Србија, првенствено бизнисмени и имотни луѓе. Тој, исто така, ја прочита содржината на две такви пораки.

To top