Александар Вучиќ оцени дека победата на демократите на среднорочните избори во Соединетите Американски Држави дополнително ќе ја комплицира политичката ситуација во таа земја, како и меѓународните односи, особено поради очекуваното продолжување на конфликтот на Блискиот Исток.
Според него, Израел ќе ја прошири својата зона на влијание и безбедносна зона на територијата на Сирија и Либан, додека Соединетите Американски Држави, заедно со својот сојузник, ќе ги интензивираат нападите врз Иран.
Таков развој на настаните, смета Вучиќ, би можел да доведе до поголем број жртви и посериозни политички последици, но и до зголемување на цената на нафтата и нафтените деривати.
Зборувајќи за резултатите од изборите во САД, Вучиќ рече дека верува оти Доналд Трамп пркосно ќе го прифати поразот и ќе ја продолжи политичката борба.
– Верувам дека Трамп пркосно ќе го прифати овој пораз, ќе продолжи да се бори и дека ова ќе биде најдолгата претседателска кампања во историјата – рече Вучиќ.
Тој додаде дека секој што ќе го потцени Трамп во следните две години и ќе мисли дека е политички поразен и изгубен, ќе направи голема грешка.