Македонија

Сиљановска-Давкова од „Треблинка“: Нема да дозволиме историски ревизионизам за Холокаустот на македонските Евреи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на комеморацијата на Холокаустот на македонските Евреи што се одржа во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска.

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова им оддаде почит на убиените македонски Евреи во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска, станувајќи првиот претседател на Македонија кој го посетил. Таа положи венец пред спомен-обележјето посветено на 7.144 македонски Евреи депортирани од фашистичкиот окупатор во логорот „Треблинка“ во 1943.

  • Застанати пред амбисот на злото, нема да дозволиме историски ревизионизам и фалсификување на вистината за Холокаустот на македонските Евреи. Државна и човечка должност е да сме тука во пресрет на Денот на сеќавањето на Холокаустот на македонските Евреи. За нас, трагедијата е поголема и поболна, бидејќи антисемитизмот никогаш не бил македонска одлика“, рече Сиљановска-Давкова.

Според неа, фактот што македонските Евреи кои ја избегнале депортацијата веднаш се вклучиле во народноослободителната и антифашистичка борба на македонскиот народ е доказ за нашиот соживот. Сиљановска-Давкова го поздрави поставувањето на новиот ѕид, на кој ќе бидат напишани сите познати имиња на убиените Евреи во „Треблинка, вклучително и имињата на македонските Евреи. Таа положи венец и пред споменикот посветен на жртвите на Варшавското гето.

  • „Минатата година бев во посета на Аушвиц. Страшно и тажно нешто. Тогаш реков дека сите ние, а особено македонските претседатели, имаме не само државна, туку и човечка обврска, секогаш на овој траорен ден да бидеме овде, со луѓето чии домови се на друго место. Затоа реков дека денеска се чувствувам како македонска Еврејка, бидејќи тоа е нивниот дом. Можеби некој ќе се лути, но мислам дека мора да потсетуваме на злото за да не се случи повторно. Мора да знаеме дека не се виновни само сторителите, туку и оние кои дозволиле да се случи злото. Затоа јас сакам да повторам дека на 11 март 1943, тогашната бугарска фашистичка окупаторска власт, а не народот бугарски, насилно ги собра македонските Евреи од окупираната Македонија, ги натовари во сточни вагони и ги депортираше тука, во нацистичкиот центар за екстерминација Треблинка‘. Страшното за нашите Евреи е тоа што во прашање се 98% од севкупната македонска еврејска популација. Некој ставил крај на македонската еврејска заедница“, рече Сиљановска-Давкова.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Синдикален марш: 260.000 работници живеат со плата под 600 евра, мал број излегоа на протест

ССМ и годинава со протест го одбележа Први Мај – Денот на трудот. Протестот започна пред зградата на Сојузот на синдикати, продолжи кон Собранието, па пред Стопанската комора, а заврши пред Владата. Синдикалците со јасни барања: Повисока минимална плата, почитување на колективните договори и подобра заштита на работниците на нивните работни места. Предупредија дека состојбата е сериозна. Само во 2025 година 31 работник заминал на работа и не се вратил дома.

АНБ разби радикална терористичка група поврзани со Исламска држава и со обидот за палежот на еврејската синагога во Скопје!

Агенцијата за национална безбедност согласно своите надлежности презеде оперативно-технички и аналитички мерки и активности со цел идентификување на мотивите и непосредните извршители на обидот за опожарување на објектот на Еврејска заедница во Скопје. Во таа насока од страна на Агенцијата се прибраа информации и беа идентификувани лица – најверојатни извршители и нивна логистичка мрежа, како и повеќе објекти во Скопје, кои според нашите индиции, како дел од радикална групација идеолошки надоврзани на глобалната мрежа на Исламска држава, непосредно по повикот на споменатата терористичка организација од почетокот на април, презедоа насилни активности.

Поранешниот градоначалник на Струмица „заработи“ кривична пријава, поради сомнеж за злоупотреба на овластувањата – потпишал изградба на дивоградба!

Поднесена е кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица и уште четири лица за „несовесно работење во службата“, злоупотреба на службена положба и овластување“ и „бесправно градење“

Приведени седуммина за обидот за палење на синагогата на Еврејската заедница во Скопје, одреден притвор за двајца поради сомнеж за „тероризам“

Министерството за внатрешни работи го расчисти случајот со обидот за опожарување на верскиот објект на Еврејската заедница во Скопје на 12.04.2026 околу 5 часот изутрината. Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со СВР Скопје и Агенцијата за национална безбедност. Беа преземени повеќе оперативно- тактички мерки на подрачје на град Скопје.

Најнови вести

To top