Македонија

Почина актерот Кирил Поп Христов – Кили

Публиката ќе го памети по неговииот актерски ангажман во МНТ и по улогите во филмовите „Панкот не е мртов“, „Бал-кан-кан“ и „Тетовирање“

На 58-годишна возраст во Еквадор почина македонскиот актер Кирил Поп Христов – Кили.

Веста за смртта на актерот, на неговите браќа во Скопје им ја соопштила сопругата на Кили, кореографката Гордана Деан Поп-Христова, а веста за неговата смрт одекна меѓу колегите, пријателите и љубителите на театарот и филмот.

Поп Христов од 2014 година живееше во Еквадор, каде што го продолжи својот живот. Иако беше далеку од татковината, често се враќаше во Скопје, но последната година и половина од животот ја помина во Еквадор.

Роден е на 30 јули 1967 година во Скопје.

Актерската кариера ја започна по дипломирањето на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што дипломираше актерска игра во 1989 година.

Од 1993 до 2014 година беше дел од ансамблот на Македонскиот народен театар, каде што остави значаен траг со бројни улоги на сцената.

Публиката ќе го памети и по неговите филмски улоги во „Панкот не е мртов“, „Бал-кан-кан“ и „Тетовирање“.

Во 2015 година откри дека поради борбата со рак се преселил во Еквадор. Боледуваше од рак на коски и подолг период се лекуваше.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Дождот ја одложи дневната програма на „Виноскоп“, се преместува за в недела

Најавеното невреме и лошите временски услови ги принудија организаторите на традиционалниот фестивал на виното „Виноскоп“ да направат итни измени во фестивалската агенда. Денешната дневна програма е целосно откажана, но организаторите ветуваат двојно поголема забава за утре, кога сите содржини ќе се преселат на добро познатата локација во Градскиот парк.

(Фото): Активно се работи на булеварот „Борис Трајковски“, „Момин Поток“ и на мостот на „Љубљанска“

Продолжува изградбата на булеварот „Борис Трајковски“, еден од значајните инфраструктурни проекти за подобрување на сообраќајната поврзаност и квалитетот на живот на граѓаните кои гравитираат кон населбата Драчево и околните населени места, во Општина Кисела Вода. Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски најавува дека работите на булеварот, согласно динамиката на работа, би требало да завршат порано од предвиденото. Тој изјави дека конечно после три децении решавањето на булеварот „Борис Трајковски“ стана реалност.

Кој се залага за најмалку 10.000 вработени да останат на улица?!

Наместо да застанат во наша одбрана, се обидуваат да не жртвуваат во нивните дневно-политички математики. За нас ова е големо разочарување – се вели во соопштението на Здружение на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“.

(Видео): 2600 нови контејнери и 40 камиони за „Комунална хигиена“, најави Ѓорѓиевски

Веќе сме во финална фаза на избор на оператор кој треба да обезбеди 2600 нови контејнери за градот Скопје кои во наредниот период ќе ги покријат потребите кои не беа покриени години наназад, но и ќе го сменат и ликот во централното градско подрачје, каде знаете дека има контејнери на кои не им е местото таму. Скопје е град во кој што живеат над 600.000 жители, а ние имаме и голема бројка на туристи кои доаѓаат.

To top