Свет

Фон дер Лајен: Војната во Иран ја чини ЕУ милијарди евра

„Од почетокот на конфликтот, цените на бензинот се зголемија за 50 отсто, а цените на нафтата за 27 посто“, вели шефицата на Европската комисија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се пожали на економски последици од конфликтот на Блискиот Исток за Европејците поради големата зависност на ЕУ од увоз на фосилни горива.

„Од почетокот на конфликтот, цените на бензинот се зголемија за 50 отсто, а цените на нафтата за 27 посто“, изјави фон дер Лајен вчера во говорот пред Европскиот парламент во Стразбур, Франција.

„Ако го преведете ова во евра: 10 дена војна веќе ги чинеа европските даночни обврзници дополнителни три милијарди евра (3,5 милијарди долари) увоз на фосилни горива“, рече таа. „Тоа е цената на нашата зависност“.

Фон дер Лајен изјави дека комисијата во моментов проценува дополнителни мерки за намалување на сметките за енергија, вклучително и ограничување на цените на бензинот.

Ввојната во Иран (по таа во Украина), по втор пат за неколку години, предизвика цените на енергијата во ЕУ да се зголемат.

Фон дер Лајен нагласи дека неодамнешните напори за диверзификација на добавувачите на фосилни горива ги ограничуваат последиците од конфликтот на Блискиот Исток.

„Но, ова не значи дека сме имуни на ценовни шокови.

Енергетските пазари се глобални“, рече таа. „Без разлика што правиме во однос на мерките, сè додека увезуваме значителен дел од фосилните горива од нестабилни региони, ние сме ранливи и зависни“, додаде таа.

ЕК: Враќањето кон руските горива би било стратешка грешка

Најнови вести од: Свет

Петмина загинати во пукање во градот Штаде, во северниот дел на Германија

Пет лица загинаа денес при пукање во германскиот град Штаде во Долна Саксонија, соопшти полицијата. – Полицијата потврди дека се приведени двајца осомничени сторители, меѓу кои и наводниот напаѓач

Ватикан ја критикува ЕУ дека ги мери војните со двоен аршин

Европската унија наметнува економски санкции на една земја и испраќа финансиска помош и оружје на друга, но не постапува на ист начин при други, уште потешки воени инвазии со уште посурови последици за цели народи

To top