Уште една видео платформа го отстранила најновиот документарец на ИРЛ и Сашка Цветковска поради кршење на авторски права, објави Радио Лидер.
Од вчера документарецот на Истражувачка Репортерска Лабораторија (ИРЛ), кој беше насловен како „Цената на правдата“, повеќе не е достапен на платформата YouTube.
Според Радио Лидер веднаш потоа, од редакцијата го закачиле документарецот на платформата Vimeo.
Но од утрово видеото не е достапно ни таму. На Vimeo на местото каде што можело да се види видеото сега пишува “Sorry this video does not exist” (Жалиме ова видео не постои).

Познавачи (Најверојатно на законите за авторски и сродни права) за Радио Лидер велат дека продолжената редистрибуција на материјал без авторски права, може да биде квалификувано и како кривично дело.
Порталот потсетува дека за ова дело продолжената редистрибуција на материјал без авторски права беше осуден Марјан Стаменковски од порталот Доказ.
Според Радио Лидер кога повторно се споделува материјал за кој некој друг поседува авторски права, може да дојде и до кривичен прогон.
Во избришаниот документарец, тимот на ИРЛ изнесуваше шокантни тврдења против обвинителите Хајрулахи и Цветановски, кои на пошироката јавност им станаа познати по тоа што сакаа да ги гонат обвинителите од екс СЈО: Катица Јанева, Фатиме Фетаи, Ленче Ристовска, Лиле Стефановска…
Случајот се однесуваше на незаконско делење на бонуси од неколку милиони евра од буџетот на СЈО.
Оваа контроверза со случај на кршење на авторски права на ИРЛ е трета во низа, откако ,,истражувачката лабораторија” за кој судот пресуди дека не е медиум, досега два пати беше осудена за клевета.
ИРЛ на Цветковска порано важеше за релевантен медиум.
Според пресуда за клевета од страна на ИРЛ во случајот кој бизнисменот Кочо Анѓушев го доби и пред апелациониот суд, оваа ,,истражувачка лабораторија” немала ниту својство на медиум, како средство за јавно информирање според Закон за медиуми, a членовите на истото немаат својство на новинари, ниту можат, заради известување на јавноста да прават новинарски обликувани емисии, да се претставуваат како новинари или да се бават со жанрот истражувачко новинарство и сето тоа да го објавуваат преку средствата за јавно информирање
ИРЛ предходно предизвика контроверзи кога неколку часа по објава на документарен филм за Жан Митрев во неговата клиника наредното утро влегле десетици инспектори чии ,,наводи” за измама практично пропаднаа во судењето на кардиохирургот Жан Митрев.
Како десетици инспектори на МВР и членови на повеќе други инспекции се координирале да влезат во Клиниката Жан Митрев во текот на ноќта по објавата на емисијата во која ИРЛ објавила само една стотинка од целото интревју со Жан Митрев до денес, останува мистерија.
Судењето на Жан Митрев кое го води обвинителката Искра Хаџивасилева веќе трета година е заглавено во судските лавиринти во кои обвинителството не може да најде докази за своите тврдења.
За интересот на високи функционери на СДСМ кои што сакале да бидат газди на клиниката Жан Митрев, за што зборуваше и кардиологот на ТВ Алфа, допрва ќе се зборува на ново судење кое го потегна екс премиерот Заев.
Каква е врската меѓу ИРЛ, Заев и Филипче и инспекторите кои ,,како договорени” влегле во клиниката Жан Митрев веднаш по објавата на видеото на ИРЛ, исто така, допрва ќе се утврдува.
Фото: Радио Лидер