Свет

Се продлабочува расколот со Трамп и МАГА на Карлсон, кој тврди дека „ЦИА му ги чита пораките и подготвува можни обвиненија“

Поранешниот водител на Фокс њуз, познатиот американски новинар Такер Карлсон тврди дека американските разузнавачки служби „го истражуваат, поради разговори со луѓе во Иран“. Тој вели дека “Централната разузнавачка агенција – ЦИА  ги чита неговите пораки“ и оти „подготвува можни обвиненија“.

– ЦИА подготвува некаков вид кривична пријава против мене, или поднесување до Министерството за правда за наводно кривично дело, што сум го извршил – вели новинарот во објавена снимка на Икс. Тој тврди дека причината се разговори со луѓе во Иран пред почетокот на војната. – Тие ги читаа моите пораки – изјави Карлсон.

Според него, „можните обвиненија би можеле да се темелат на Законот за регистрација на странски агенти“. Законот бара лицата што работат за странски субјекти јавно да ги пријават тие активности. Карлсон категорично ги отфрли таквите обвинувања. – Јас не сум агент на странска сила. Лојален сум на Соединетите Американски Држави и никогаш не сум зел пари од никого – изјави тој.

Карлсон не приложи докази за своите тврдења. Американското списание „Њузвик“ наведува дека не успеало независно да ги потврди неговите наводи. Министерството за правда, ниту ЦИА досега јавно не реагираа на обвинувањата. Карлсон тврди дека дел од луѓето во агенцијата се лути на него поради неговите ставови за Израел.

„Трипати го убедував Трамп да не го напаѓа Иран“

Карлсон неодамна во својот поткаст изјави дека во најмалку три разговори се обидел да го убеди тогашниот американски претседател да се откаже од воена ескалација, предупредувајќи дека таква војна би можела да биде катастрофална за САД и за регионот. Во тие разговори Карлсон наводно му објаснил на Трамп дека конфликт со Иран може да се претвори во долга и скапа војна со непредвидливи последици. Последните недели Карлсон повторно се најде во центарот на политичките дебати во САД. Причина се несогласувањата со поранешниот претседател Доналд Трамп.

Трамп неодамна го критикуваше водителот. – Такер е надвор од колосек. Тој не е дел од движењето МАГА – изјави Трамп.

Карлсон претходно го критикуваше Трамп за политиката кон Блискиот Исток и за вмешаноста на САД во израелско-палестинскиот конфликт. Карлсон вели дека разговорите со луѓе од различни земји се дел од неговата работа како новинар и коментатор. „Мојата работа е постојано да разговарам со сите и да се обидувам да разберам што се случува во светот. Тоа е дословно она, што го правам и нема да престанам.“ – напиша тој на икс-платформата.

Најнови вести од: Свет

Туск: Претседателот Навроцки и десничарите ја водат Полска да ја напушти ЕУ, тоа е реална закана! Се обидуваат да ја распаднат ЕУ!

Можното излегување од Европската Унија за Полска сега е „реална закана“, предупреди полскиот премиер Доналд Туск. Тој ги обвини претседателот Карол Навроцки и десничарските опозициски партии дека ја водат земјата кон напуштање на блокот, охрабрени од сојузниците од Москва до движењето МАГА со седиште во САД. Во објава на социјалните мрежи, Туск рече дека фракциите на крајнодесничарската Конфедерација и мнозинството пратеници од националистичката партија Право и правда (ПиС) сакаат да ја извадат Полска од ЕУ. Тој го нарече таквиот исход „катастрофа“ и вети дека ќе „стори сè“ за да го спречи тоа.

Остра критика на Борел за Лаен и Калас: ЕУ ги надминува надлежностите и ја губи доверливоста, зашто не му се спротивставува на Трамп

Поранешниот висок претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел остро го критикува сегашното раководство на Унијата, вклучувајќи ги и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен и неговата наследничка Каја Калас, затоа што, како што оцени, „Брисел не се залагал доволно за меѓународното право во случајот со Иран“. Борел е најновиот во низата шпански социјалисти сојузници на Фон дер Лаен, кои истакнуваат дека ЕУ не направила доволно за да го почитува меѓународното право по војната на САД против Иран, која е „нелегална и не е оправдана со непосредна закана, како што тврдат некои“.

Најнови вести

To top