Македонија

Макрадули по исклучувањето на Шилегов: Партијата не е за тивко климање со глава

Поранешниот функционер на СДСМ и некогашен министер, Јани Макрадули, се огласи по исклучувањето на Петре Шилегов од партијата и отворениот судир во редовите на СДСМ, повикувајќи на разум, зрелост и внатрешен дијалог наместо на поделби и раслојување.

Поранешниот функционер на СДСМ и некогашен министер, Јани Макрадули, се огласи по исклучувањето на Петре Шилегов од партијата и отворениот судир во редовите на СДСМ, повикувајќи на разум, зрелост и внатрешен дијалог наместо на поделби и раслојување.

Во објава објавена на социјалните мрежи, Макрадули направи ретроспектива на периодот од 2013 година, кога СДСМ беше во опозиција и под силен притисок од власта на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој потсети дека тогашната борба била водена со мотивација, теренска работа и искрена верба во промените, а не со лични интереси или тивко следење.

„Лојалноста не е слепо следење. Лојалноста е одговорност – да мислиш, да кажеш и да создаваш“, порача Макрадули, алудирајќи на актуелните случувања во партијата.

Тој нагласи дека тешките теми и разлики во ставовите не смеат да бидат повод за расцеп, туку за аргументиран дијалог и приближување на позициите.

Макрадули предупреди дека игнорирањето на проблемите и одбивањето на отворен разговор водат кон слабеење на партијата и загуба на кредибилитетот кај граѓаните.

Тој се осврна и на концептот „Глас+“, кој го опиша како политика што вклучува, обединува и се темели на принципите на слобода, еднаквост и солидарност – токму таков пристап, според него, е потребен и денес.

„Партијата не е простор за тивки климања со глава, туку за одговорни луѓе кои размислуваат и придонесуваат“, истакна тој.

Воедно, Макрадули упати критика и кон актуелната власт, оценувајќи дека државата се соочува со неизвесност, недостаток на стратегија и доминација на лични интереси на сметка на граѓаните.

На крајот, тој повика на единство и создавање заеднички фронт за промени, нагласувајќи дека тие мора да започнат од самата партија.

Изјавата на Макрадули доаѓа во момент кога СДСМ се соочува со внатрешни тензии по исклучувањето на Шилегов и отворените критики од неколку поранешни и актуелни функционери, што ја отвора прашањето за идната кохезија и стратегија на партијата пред претстојните предизвици.

Најнови вести од: Македонија

Савевски: Нема веќе да има „предмети во фиока“

Она што јас сакам да направам е да гарантирам радикална отчетност и транспаретност, дигитализација, услови за работа за еден обвинител непречено да си ја врши својата работа на еден ефикасен и достоинствен начин, вели Савевски кој денеска во Собранието треба да биде избран за нов државен јавен обвинител

Од Англија до кланица: Ѓурчевски за коњската идеја на Фрчковски (ВИДЕО)

Поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски, во гостувањето во емисијата „Претрес со Ландов“ изнесе остри критики за одлуките во полицијата од 90-тите години, со посебен фокус на времето кога министер за внатрешни работи беше Љубомир Фрчковски.

Собранието денеска треба да избере нов државен јавен обвинител

Ненад Савевски, кој во моментов е судија во Основниот кривичен суд Скопје, беше номиниран од Владата на 10 март, по спроведената постапка во која се пријавија петмина кандидати. Неговата кандидатура следува по оставката на поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски

To top