Македонија

Денеска пристигнува пролетта

Првиот пролетен ден ќе трае 12 часа и 08 минути, сонцето изгреа во 5:37 часот, а ќе зајде во 17:46 часот

Астрономски, пролетта почнува со пролетната рамноденица — момент кога денот и ноќта се речиси еднакви насекаде на планетата. Тоа е точката кога Сонцето „ја преминува“ небесната рамнина на екваторот и од денес на северната хемисфера почнува да доминира светлината.

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), информираат дека времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

„Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3 степени, а максималната температура ќе достигне од 8 до 16 степени“.

Во Скопје, пак, минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремен засилен ветер. Во понеделник ќе има услови за слаби врнежи од дожд.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката

Премиерот Мицкоски: Нема да прифатиме услови што ги прифати претходната влада

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува на ставот дека нема да прифати безусловни уставни измени според условите што ги прифатила претходната влада, оценувајќи дека тоа не претставува реформа.

To top