Македонија

„Н.М“: Дали бугарските шовинистички барања ја будат совеста на Европа?! Во Стразбур се отвори простор за правно делегитимирање на Вториот протокол!

„Ако се утврди дека Вториот протокол кон „Договорот за добрососедство со Бугарија’ не е дел не е дел од формалната преговарачка рамка, или дека излегува надвор од европските стандарди, тогаш ќе се отвори простор за негово правно делегитимирање! – пишува денес весникот „Нова Македонија“, повикувајќи се на правни експерти од Македонија, кои се во директна комуникација со експертските служби во ЕУ.

Во својата анализа со наслов „Во Стразбур се отвори простор за правно делегитимирање на вториот протокол!“ „Нова Македонија“ пишува: Правдата тропа на вратата на Европа: Ќе го пробиеме ли обрачот со кој сме окружени на нашиот пат кон ЕУ?  Известувачот Томас Вајц поднесе свој амандман до стручна служба во Брисел, во кој се бара „правната служба на Европскиот совет (ЕС) да ги разјасни сите двосмислености околу вториот протокол…!“ Вајц со својот амандман посочува на, од своја страна, детектирани индикатори дека навистина во т.н. втор протокол „…постои правна нејаснотија…“ и дека „постои ризик од злоупотреба“ (во бугарските барања). И што е најважно од сѐ, во поднесениот амандман до правната служба на Европскиот совет (ЕС), тој посочува дека „постои потреба од објективна интерпретација“!

Бугарските европратеници поднеле речиси 100 амандмани на извештајот на Томас Вајц. Тоа не е само статистика туку е добро позната стратегија, која има цел уште повеќе да го прошири списокот на услови, условувања и ултиматуми за Македонија. Ова практично значи обид за дополнително обременување на преговарачката рамка, нешто што не е формално договорено, но се турка низ „амандманска дипломатија“ во Стразбур, во Советот на Европа, со стравотни бугарски лобирања во Брисел. Но токму во таа нивна агресивна офанзива се појавува нешто неочекувано: пукнатина во бугарскиот наратив, која Вајц барем ја препозна и ја детектира. 

Во амандманот на известувачот Томас Вајц се бара „…правната служба на Европскиот совет да ги разјасни сите двосмислености околу вториот протокол…“. Тоа е нешто повеќе од „техничко барање“. Дали проработи совеста кај него со некакво ретерирање поради прифаќањето на забелешките на бугарските европратеници, кои додадоа шовинистички зачини (допуштени од Вајц), во претходниот Извештај за Македонија?! – Вајц како да се престрои со своите предлози, со своето флагрантно признавање, преку поднесениот амандман дека „постои правна нејаснотија“, дека „постои ризик од злоупотреба“ (во бугарските барања) и, најважно, дека „постои потреба од објективна интерпретација“! Ретерирањето на Вајц може да се чита како „будење на европската институционална совест.“ – велат нашите соговорници, аналитичари на евроинтегративниот процес на Македонија, додавајќи дека за тоа „будење на европската и светската совест“ значајно придонесува и македонската формална и неформална дипломатија, засилена преку повеќе форми, облици, разговори и аргументи во европските и светски центри, држави и меѓународни институции.

Вториот протокол јадрото на спорот

Во центарот на целата дебата е – вториот протокол кон Договорот за добрососедство со Бугарија. Нашите соговорници, правни експерти од Македонија, кои се во директна комуникација со експертските служби во ЕУ, коментирајќи за потегот на Вајц сметаат дека прашањето што тој си го поставил е едноставно, кусо, јасно и суштинско: Дали овој протокол е правно обврзувачки услов за евроинтеграцијата? – Заклучоците од 2022 година не го наведуваат експлицитно како формален услов. Сепак, неговата интерпретација постепено се трансформира во политичка алатка за блокада. Токму затоа интервенцијата на правната служба на Европскиот совет (ЕС) може да биде пресудна. Ако се утврди дека протоколот не е дел од формалната преговарачка рамка, или оти излегува надвор од европските стандарди, тогаш ќе се отвори простор за негово правно делегитимирање – велат наши правни експерти од Македонија, кои се во директна комуникација со експертските служби во ЕУ.

Европа пред огледало

Ова прашање не е само македонска болка. Тоа е тест за кредибилитетот на Европската Унија. Дали ЕУ ќе дозволи билатерални спорови да станат системски услови или идентитетски прашања да бидат инструментализирани, или правото да биде заменето со политички жонглирања, манипулации или, пак, со притисоци… Или, пак, ЕУ ќе се врати кон сопствените принципи – Копенхашките критериуми, владеењето на правото и почитувањето на идентитетот? – И покрај сите предизвици, а и неверба во ЕУ, во оваа ситуација постои јасна причина за умерен оптимизам. Зошто? Затоа што барањето за правно толкување веќе е на маса… Затоа што поддршката за екстремните амандмани е ограничена… Затоа што европските институции почнуваат да ја препознаваат неправдата, а најважно, затоа што вистината, колку и да е оттурнувана, има својство да исплива – вели еден наш познат адвокат, чест посетител на Стразбур.

Тој притоа додава дека, доколку правната служба на Европскиот совет постапи објективно и во духот на европското право, тогаш исходот може да биде историски! – Очекувам јасно разграничување на правните и политичките обврски, очекувам заштита на македонскиот јазик и идентитет од релативизација и деблокада на европскиот пат на Македонија. Во таков развој, вториот протокол би ја изгубил својата тежина како инструмент за условување – вели нашиот соговорник, адвокат од Скопје. 

Македонија НЕ води битка да влезе во ЕУ, туку води битка за принципи

Ова не е само битка за напредок во преговорите. Ова е битка за принципи. Ако Европа сака да остане заедница на вредности, тогаш мора да покаже дека правото е над политиката. Идентитетот не е, ниту може да биде предмет на преговори. Адвокатот додава во спортски жаргон дека ние нема и не треба да застанеме овде, бидејќи сега имаме НЕ еден туку и повеќе „пенали“ за шутирање. –  Добиените случаи пред Европски суд за човекови права и новоподнесениот амандман на Вајц, кој патем споменато не е само негов во врска со можните амандмански злоупотреби во бугарските барања и потребата од нивна објективна правна интерпретација. И третиот и најнов случај, во врска со десетгодишната забрана за влез во Бугарија на правниот застапник на Македонците во Бугарија. Европските и светските институции останаа стаписани од „бугарското практикување на демократијата и човековите права“ – поентира нашиот соговорник., објави „Нова Македонија“.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Повторно проблеми кај пациентите – фалат ленти и глукомери за дијабетичарите

Д-р Наташа Недеска Минова, супспецијалист дијабетолог од Центарот за дијабетес од Градската општа болница „8 Септември“, изјави дека идејата за Прирачникот за исхрана на дијабетичари се родила како потреба од она што било увидено во нивната секојдневна клиничка пракса и дека пациентите се наоѓаат во една голема конфузија помеѓу она што се нуди во современата нутритивна наука и дијабетика за дијабетичари и оние информации со коишто секојдневно доаѓаат било преку медиумите, било преку свите роднини, пријатели односно лица кои не се соодветно едуцирани за исхрана.

„Дупла корупција“: Директорот Васе Анакиев, уапсен на дело со 50 илјади евра, за „услугата“ барал двојно повеќе пари, кои ги давала шпедитерска фирма

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев (41) од Кочани, е лишен од слобода под сомнение за примање поткуп, информира Министерството за внатрешни работи. Како што соопшти МВР, акцијата е спроведена на 20 март 2026 година и против него е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за […]

Никој не е над законот, очекуваме расчистување на случајот со уапсениот директор, велат од земјоделство

Борбата против корупцијата е врвен приоритет и дека, како што велат, „никој не е над законот“. Во соопштението се прави и политичка дистинкција, при што се посочува дека, за разлика од претходните власти, актуелната Влада спроведува неселективна правда, без оглед на функцијата или политичката припадност.

Л.И. (27) од Црна Гора украла накит од златарница во Тетово, па била уапсена

Вчера, на 19 март 2026 во 16 часот во Тетово на ул.„Страшо Пинџур“ полициски службеници од СВР Тетово ја лишија од слобода Л.И. (27) од Р. Црна Гора, по претходна пријава од А.Х. (31) од Тетово, дека од неговата продавница за златен накит во Тетово, едно женско лице, кое питачело, одзело златни предмети.

Туфегџиќ: Јавното обвинителство нема контакт со реалноста и Савески, како „свежа крв“ во правосудството, ќе наметне нов пристап во неговото дејствување!

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ оцени дека изборот на Ненад Савески како државен јавен обвинител претставува значајна можност за суштински промени во правосудниот систем, но изрази изненадување што изостанала јавна поддршка од институциите. Туфегџиќ јавно му даде поддршка на Савески, порачувајќи дека пред него стои сериозна задача, но и можност за вистинска преобразба на обвинителството. Тој  смета дека Савески има „огромна одговорност и историска шанса“ да поттикне позитивни движења и реални реформи, кои би ја вратиле довербата во институциите. 

To top