Свет

Почина Чак Норис на 86 години, откако итно бил хоспитализиран во Хаваи

Американскиот актер познат по своите боречки улоги и шегите за неговата моќ кои беа бесконечни, почина на 86-годишна возраст, потврди семејството: „Со тешко срце нашето семејство ја споделува веста за ненадејното починување на нашиот сакан Чак Норис“.

Тажна вест од светската филмска сцрна. На 19.03.2026 година, ненадејно почина Чак Норис на 86-годишна возраст. Американскиот актер беше најпознат по својата улога во „Тексашки ренџери“, а беше постојано инспирација за вицеви и шеги за неговата боречка моќ, заради боречките улоги кои ги имаше.

Во последните 24 часа, според извори на TMZ, тој бил ненадејно хоспитализиран од засега непозната причина, но наводно бил добар. Сепак, неговото семејство денес потврди дека Чак Норис починал вчера, a веста ја објавија на неговиот Инстаграм профил, со емотивен текст.

„Со тешко срце, нашето семејство ја споделува веста за ненадејното починување на нашиот сакан Чак Норис, вчера утрото.

Иако сакаме околностите за смртта да ги сочуваме во приватност, сепак знајте дека беше опкружен со семејството и во мир.

За светот, тој беше мастер во боречки вештини, актер и симбол за сила. За нас, беше посветен сопруг, сакан татко и дедо, неверојатен брат и срцето на нашето семејство.

Го живееше својот живот со вера, цел и посветеност на луѓето кои ги сакаше. Преку својата работа, дисциплина и љубезност, инспирираше милиони низ светот и остави траен печат во многу животи

Иако нашите срца се скршени, длабоко сме благодарни за животот што го живееше и за незаборавните моменти кои ги делевме со него. Љубовта и поддршката кои ги добиваше од фановите низ светот му значеа многу, а нашето семејство е вистински благодарно за тоа. За него, не бевте само фанови, бевте негови пријатели.

Знаеме дека многу од вас слушнаа за неговата хоспитализација и благодарни сме за вашите молитви и поддршка кои ги праќавте.

Додека жалиме за загубата, љубезно ве замолуваме за приватност во овие времиња.

Ви благодариме што го сакавте со нас.

Со љубов,

Норис семејството“.

Во текот на животот беше познат по својата исклучителна виталност, а до последните години одржуваше завидна физичка форма и општо здравје што можело да се припише на многу помлада личност. Неговата тајна лежела во дисциплинирана комбинација од исхрана базирана на намирници од цели зрна и редовно вежбање што вклучувале тренинг за сила и кардиовежби, пишува НАД.

Норис следел балансирана исхрана богата со интегрална храна и хранливи материи што ја поддржуваат долговечноста. Неговото мени се базирало на посни протеини како што се пилешко на скара, мисирка и риба, кои обезбедуваат есенцијални аминокиселини за одржување и обновување на мускулите.

Тој исто така консумирал многу зеленчук како брокула, спанаќ и кељ, богати со витамини, минерали и антиоксиданси. Тој пронашол извор на енергија во сложените јаглехидрати од интегрални житарки како што се кафеавиот ориз и киноата, а редовно вклучувал здрави масти како што се авокадо и јаткасти плодови во својата исхрана, како и многу свежо овошје, особено агруми и бобинки.

Избегнувал високо преработена храна полна со адитиви, конзерванси и нездрави масти, како и шеќерни пијалоци како газирани пијалоци и овошни сокови и пржена храна. Иако не го елиминирал целосно црвеното месо, го намалил неговиот внес на минимум, а исто така избегнувал и рафинирани јаглехидрати како што се белиот леб и слатките закуски.

Посветеноста на Норис кон физичката кондиција датира од 1958 година, кога почнал да тренира во боречката вештина танг су до на 18-годишна возраст. Преку тренинг, ја научил важноста на одржувањето на своето тело во врвна форма. Основата на неговиот пристап е зачувувањето и градењето на мускулната маса, бидејќи мускулот е метаболички активно ткиво кое согорува калории дури и за време на одмор.

За таа цел, тој вежбал вежби со сопствена тежина, како што се склекови, чучњеви и исчекорувања, и вежби со слободни тежини. Исто така, редовно правел кардио вежби, користел лента за трчање, пливал и вежбал брзо одење.

За да развие ментална бистрина, да го намали стресот и да одржи позитивен став, секојдневно практикувал медитација и техники на внимателност. Еден од неговите приоритети бил квалитетен и доволен сон, и иако бил посветен на својата кариера и обука, Норис инсистирал на рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот и одвојувал време за семејството и одморот за да избегне исцрпеност.

Најнови вести од: Свет

Нафтата во Дубаи скокна до небо – се искачи на рекордни 166 долари за барел

Иако глобалното референтно ниво на цените на нафтата растеше побавно отколку во Дубаи или Оман, сепак претрпе силен шок. Од почетокот на војната до среда, цената на нафтата Брент за мај се зголеми за повеќе од 48%. Од почетокот на годината до денес, растот е повеќе од 76%.

Нетанјаху вчера тврдеше дека „Исус Христос нема предност над Џингис-кан“ а денес се правда дека „немал намера да го навреди Исус Христос“!

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека „немал намера да го навреди Исус Христос“ во своето телевизиско обраќање, откако неговите зборови за војната со Иран предизвикаа негативни реакции во јавноста.  Во говорот одржан синоќа, Нетанјаху посочи дека „историјата покажува дека Исус Христос нема предност над Џингис-кан, бидејќи ако сте доволно силни, немилосрдни и моќни, злото може да го надвладее доброто“. Тој нагласи дека станува збор за толкување на историчарот Вил Дјурент, а не за негов личен став.

ЕУ: Војната во Иран не е наша, за Украина нема 90 милијарди евра помош

Две војни на прагот на Европа го засенија вчерашниот 12-часовниот самит на лидерите на Европската Унија, но наместо да преземат конкретни чекори, тие останаа парализирани, неспособни да направат какво било значајно влијание врз кој било од конфликтите

Трмп добива златник со неговиот лик

Златната монета од 24 карати е најновиот обид на Трамп и неговите сојузници да го стават името на претседателот на зградите, владините програми и американската валута откако тој го започнува својот втор мандат во Белата куќа во јануари 2025 година.

To top