Македонија

Утрово затрелан маж во Батинци

50-годишен маж со прострелни рани во пределот на градниот кош, без знаци на живот, бил донесен денеска нешто пред 11 часот во Градската Болница во Скопје.

 

50-годишен маж со прострелни рани во пределот на градниот кош, без знаци на живот, бил донесен денеска нешто пред 11 часот во Градската Болница во Скопје.

Тој бил жртва на напад во пукањето што се случи утрово во селото Батинци.

„Денеска, околу 10:55 часот, во болницата е донесено машко лице, на возраст од 50 години, со рани во пределот на градниот кош. Веднаш беа преземени мерки за реанимација, но било констатирано дека тој е веќе починат“, изјавија од Градската општа болница за ТВ21.

Полицијата изврши увид на терен, а се работи на утврдување на идентитетот на сторителот и мотивите зад пукањето.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на свечената академија „Од слово до вечност“ во црквата „Света Софија“ во Охрид порача дека делото на светите браќа Кирил и Методиј и денес испраќа моќна и современа порака – дека секој народ има право на образование, култура, духовен израз и свој јазик.

Еве кое е финансиското друштво за брзи кредити што остана без лиценца

Според Фокус финансиското друштво „Креди Јес“, познато по нудење на брзи кредити, останува без лиценца за работа откако Министерството за финансии утврдило сериозни повреди на законските обврски.

Сиљановска-Давкова со честитка за 24 Мај: Кирил и Методиј се темел на духовниот идентитет на македонскиот народ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 24 Мај – Денот на светите браќа Кирил и Методиј, славата и просветителите на словенските народи.

Димитриеска-Кочоска го повика СДСМ на средба: Економијата се мери со бројки, а не со паника

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, го повика економскиот тим на СДСМ на отворена средба во Министерството за финансии, при што остро ја обвини опозицијата дека шири „паника, невистини и политички конструкции“ за економската состојба во земјата.

To top