„Ејџиан ерлајнс“ ќе ги зголеми цените на билетите по скокот на цените на горивата поради конфликтот на Блискиот Исток и војната во Иран, открија извори од компанијата во четврток, пренесува АНА-МПА. Сепак, од таму додадоа дека зголемувањето на цените ќе биде ограничено на околу 7 и 8 отсто. Изворите посочија дека цените на горивото за авиони се зголемиле повеќе од двојно, од 800 американски долари по тон на 1.700 долари по тон, што е зголемување од 110 проценти.
- „Под нормални околности (2025 година), трошоците за гориво претставуваат речиси 22% од вкупните расходи на нашата компанија, што ги сочинува нашите најголеми оперативни трошоци“, рекле говорниците.
Зголемувањето на цените на билетите нема да влијае на 3,6 милиони патници кои веќе купиле билети за наредните месеци, ниту пак на десетици илјади патници кои имаат Aegean Pass и купиле пакети за рани резервации. Патниците кои сакаат да купат Aegean Pass за дестинација по свој избор на нивоата пред кризата ќе можат да го сторат тоа во следните две недели, рекоа тие.
Компанијата, како и неколку европски компании, ги суспендираа летовите до погодените региони до крајот на април, меѓу кои се Ербил и Багдад (Ирак), Тел Авив (Израел), Бејрут (Либан), Ријад и Џеда (Саудиска Арабија) и Абу Даби и Дубаи (ОАЕ).