Бизнис

Владата утре со вонредни мерки за цените на горивата

На седницата закажана за напладне треба да биде пресретнато очекуваното поскапување на нафтените деривати од РКЕ

Извесното зголемување на цените на нафтените деривати поради војната на Блискиот Исток од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе биде пресретнато со вонредни мерки од Владата најавени за утрешната седница со почеток во 12 часот.

„Цените на светските нафтени берзи растат, што се очекува дополнително да се одрази на домашната цена на горивата. Иако на бензинските станици во земјава има убедливо најевтини горива во споредба со регионот се очекува во понеделник да има дополнителен раст на цените на дизелот и на бензините. Заради тоа, Владата утре во 12 часот ќе има седница на која ќе се донесат вонредни мерки за борба против високите цени на бензините со кои ќе се ублажи ценовниот скок“, велат од Владата.

Според последната одлука на РКЕ од минатиот понеделник, највисоките малопродажни цени се 92 денари за литар дизел; 86,5 денари за бензин Еуросупер 95 и 88,5 денари за Еуросупер 98.

Најнови вести од: Бизнис

Мал пазар, голема можност: Мукаетов на 25. Конференција на Македонската берза

Од развојот на „Алкалоид“ и улогата на пазарот на капитал до можностите што ги отвораат интернационализацијата, иновациите и новите технологии – ова беа дел од темите на специјалниот разговор со Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, на 25. Конференција на Македонската берза.

(Фото): Силни пораки од конференцијата на Македонската берза

Во Македонија има капитал подготвен да влезе во хартии од вредност. Ако нема добри домашни инвестициски прилики – логично е тој капитал целосно да оди во странство, истакна главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев, говорејќи на јубилејната 25. Годишна конференција што се одржува во Охрид.

To top