Македонија

IN MEMORIAM: Почина екс пратеник и шеф на Агенцијата за разузнавање

Беше член на првиот состав на Собранието

Изразуваме искрено и длабоко жалење по повод смртта на Драги Гроздановски – член на ВМРО ДПМНЕ и носител на повеќе партиски функции меѓу кои и секретар на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола, се вели во последниот поздрав до него.

Гроздановски беше носител на повеќе јавни функции – пратеник во првиот состав на македонското Собрание, заменик Министер на МВР, директор на Агенцијата за разузнавање, советник и Претседавач со Советот на општина Битола и директор на КЈП “Нискоградба”.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Посетители во Зоолошка му ги украле подароците за првиот роденден на мајмунот Мики

Роденденската прослава на младиот гибон Мики во скопската Зоолошка градина заврши со слика што повеќе зборува за посетителите отколку за самиот настан. Наместо симпатична вест за првиот роденден на животното, во јавноста излезе информација дека дел од подароците што биле подготвени за Мики биле украдени од посетители.

Пронајдено женско тело во распаѓање фрлено в река – Дали се работи за насилна смрт?!

Телото на жената што беше пронајдено во фаза на распаѓање во кочанското село Зрновци било обезглавено и без други делови на телото. Полицијата, пожарникарите и обвинителството денеска го пребаруваа поширокиот терен околу местото викано Ѓошевски Орев, во близина на Зрновска Река. Жената сè уште не е идентификувана.

Има услови за отворање на нови шалтери на скопскиот аеродром

Во споредба со останатите аеродроми во регионот, Николоски истакна дека процентот на раст на Скопскиот аеродром за оваа година, според реномираните списанија за авиосообраќај, ќе биде најголем во однос на останатите аеродроми во регионот. Вицепремиерот исто така најави дека веќе се размислува за зголемување на капацитетите на македонските аеродроми.

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

To top