Македонија

Николоски: Штип и источниот дел на Македонија ќе имаат до април 2027 прво туристичко вештачко езеро! Проектот е веќе реализиран 70 отсто!

Изградбата на браната на реката Отиња кај Штип влегува во завршна фаза, при што источниот регион наскоро ќе добие прво рекреативно вештачко езеро, кое ќе има повеќекратна намена – туризам, наводнување и водоснабдување. ва го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при денешниот увид во градежните активности.

Вицепремиерот Николоски нагласува дека станува збор за капитален проект со значајно влијание врз локалниот развој.



„Ова ќе биде прво рекреативно вештачко езеро во источниот дел на државата, кое треба да го развие туризмот во целиот регион, да биде главна летна атракција, но и простор за рекреација во текот на целата година, со потенцијал за отворање нови работни места“, изјави Николоски.

Тој додаде дека покрај туристичката функција, езерото ќе има важна улога и во земјоделството и водоснабдувањето, особено во критични периоди.


Езерото ќе служи и за наводнување, а доколку има потреба, и за решавање на проблеми со водоснабдувањето. Разговаравме и за уредување на просторот околу него, вклучително и можноста трупот на браната да се користи како пешачка патека што ќе го поврзува езерото со Штип“, рече Николоски. Според него, проектот е реализиран околу 70 проценти, а крајниот рок за завршување е април 2027 година. Сепак, доколку временските услови бидат поволни, постои можност изградбата да заврши и порано.

„Ако имаме добри временски услови, можно е уште оваа година да се заврши езерото, по што ќе биде потребна уште една година за да се наполни. Тоа значи дека во пролетта 2028 година би можеле да имаме целосно функционално езеро“, посочи вицепремиерот.

Тој нагласи дека станува збор за втор ваков проект на Владата, по изградбата на вештачкото езеро во Конско кај Гевгелија. Вкупната вредност на проектот изнесува 448 милиони денари, од кои досега се реализирани 311 милиони денари, а средствата се обезбедени преку Министерството за транспорт.

Николоски изрази благодарност до локалните и државните институции за соработката во реализацијата на, како што рече, еден од најзначајните проекти за источниот дел на државата.

Најнови вести од: Македонија

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат работењето на оваа Влада, денес многу подобро се живее отколку пред 3 години!

„Пред 25-26 месеци наследивме  уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. И сега,  колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се согласиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години.“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи  на новинарско прашање во врска со забелешките на опозицијата околу порастот на бруто-домашниот производ.

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top