Македонија

Матоши се заканува: Ако не го зачува Уставниот суд духот на Охридскиот договор, ќе ги поттикне Албанците на граѓанска непослушност и организирање, заради одбрана!

„Уставниот суд на С. Македонија треба да го зачува духот на Охридскиот договор и меѓуетничката кохезија на државата, а не да ги следи фрустрациите на македонските националистички партии. Таквиот пристап би можел да ги поттикне Албанците во С.Македонија да се организираат до ниво на граѓанска непослушност како форма на одбранбена реакција!“ – наведува поранешниот пратеник и генерален секретар на ДПА Ружди Матоши во својата колумна со наслов „Што прават албанските судии во Уставниот суд?“, која ја објави весникот на албански јазик „Лајм“.

Во ова писание Матоши натаму посочува: Арбен Џафери, во своите анализи, ги опиша тешкотиите и пристапот на македонските политичари како антиалбански начин на размислување кој никогаш не престанува, особено во услови на правата што Албанците во Северна Македонија ги добија од Охридскиот договор. Тој предупреди: ако Уставот им дава на Албанците одредени права, тие ќе бидат попречени од законите; ако овие права се стекнат со закони, тие ќе бидат скратени и минимизирани административно.

Ова предупредување на Арбен Џафери денес станува реалност во административната сфера преку неспроведувањето на правата што произлегуваат од Охридскиот договор, како што се соодветната застапеност, службената употреба на албанскиот јазик и учеството во донесувањето одлуки во владата на С.Македонија, која во моментов се гледа како еднопартиска и едноетничка.

Албанските судии во Уставниот суд не треба да ја играат улогата на забележувач за деструктивните постапки на македонските судии, туку треба да бидат таму за да го кренат својот глас и да ги бранат уставните принципи, а не да ја играат улогата на статистичари. Тие треба да реагираат дури и преку неучество или дури и оставка, ако оваа институција продолжи со овој пристап, што се гледа како антиалбански. = наведува Ружди Матоши во колумната.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, рече премиерот

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со владините мерки се очекува Македонија да има најниски цени на горивата во регионот, дури и во услови на глобален раст на цените. Тој посочи дека Владата очекува Регулаторната комисија да ја земе предвид донесената одлука за намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти, со што нема да има значително зголемување на цените на бензините, а дизелот ќе се движи во рамки на предвидените пресметки.

Владата се спрема за кризна состојба поради скапото гориво – Ќе има мерки за да не поскапи струјата

Ќе се прогласи кризна состојба поради цените на бензините, дознава Експрес. Владата реагира откако проценила дека по најновите скокови на светската нафтена берза, би требало да се зголеми цената на дизелот за нови 10 денари по литар, а на безоловниот за 6 денари.

Николоски: Штип и источниот дел на Македонија ќе имаат до април 2027 прво туристичко вештачко езеро! Проектот е веќе реализиран 70 отсто!

Изградбата на браната на реката Отиња кај Штип влегува во завршна фаза, при што источниот регион наскоро ќе добие прво рекреативно вештачко езеро, кое ќе има повеќекратна намена – туризам, наводнување и водоснабдување. ва го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при денешниот увид во градежните активности.

ВМРО ДПМНЕ: Дали за туѓи интереси и директиви работат Филипче и СДС, на кои односите со јавноста им ги води контроверзниот Башановиќ, екссоветникот на Заев?!

„Тимот за односи со јавноста на СДС им ги води Зоран Башановиќ, поранешниот советник на Зоран Заев. Башановиќ е контроверзна личност со контроверзно минато и матни бизниси од областа на енергетиката. Тој е естраден турбофолк-менаџер и сопственик на телевизија во Србија, апсен е за крадење облека во САД. Бил избркан од српската Напредна партија, затоа што склучувал милионски договори во сомнителни комбинации.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Спречен увоз на 50 тони отровна храна за македонскиот пазар

Официјалните ветеринари на граничниот премин Ќафасан забраниле влез на 27 тони говедско мелено месо со потекло од Парагвај. По извршената проверка во информативниот систем на АХВ и увид во увозната документација, било утврдено дека месото потекнува од објект кој не е одобрен од Агенцијата, со што не се исполнети основните безбедносни стандарди за увоз.

(Фото): Посетители во Зоолошка му ги украле подароците за првиот роденден на мајмунот Мики

Роденденската прослава на младиот гибон Мики во скопската Зоолошка градина заврши со слика што повеќе зборува за посетителите отколку за самиот настан. Наместо симпатична вест за првиот роденден на животното, во јавноста излезе информација дека дел од подароците што биле подготвени за Мики биле украдени од посетители.

To top