Свет

Сијарто до Зеленски: Прво нафта, потоа пари за Украина

Нафтата од Русија престана да тече преку нафтоводот Дружба кон Унгарија и Словачка на 27 јануари., поради што Унгарија ја блокираше помошта од 90 милијарди евра за Украина

 

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, денес изјави дека Будимпешта нема да поддржи испраќање пари во Украина додека продолжува „нафтената блокада“, како што ја нарече.

Сијарто ги отфрли тврдењата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ЕУ ќе најде начин да одобри заем од 90 милијарди евра.

„Претседателот Зеленски греши, бидејќи во Европската унија постојат јасни правила: Брисел може да ги одобри тие 90 милијарди евра за Украина само со едногласност“, рече Сијарто, нагласувајќи дека ставот на Унгарија е јасен – „прво нафтата, потоа парите“, објави унгарскиот весник „Хирадо“.

Сијарто, исто така, истакна дека сè додека Украина ја држи Унгарија под „нафтена блокада“, Будимпешта и нејзината „суверена национална влада“ нема да се согласат да одобрат европски пари за Киев.

Сијарто додаде дека Зеленски прво треба да „го запре лошото шоу и да ги запре невистините“, да ги врати испораките на сурова нафта во Унгарија и да обезбеди гаранции дека блокадата нема да се повтори, по што би можело да се разговара за финансиска помош.

„Господине претседателе, запомнете – прво нафта, потоа пари“, рече унгарскиот министер.

Во исто време, Сијарто исто така тврдеше дека сегашната влада во Унгарија ќе победи на парламентарните избори на 12 април, и дека потоа „Украинците кои се обидуваат да влијаат на резултатите ќе мора да се соочат со последиците“.

Европските критичари се загрижени дека лидерите на ЕУ „паднале во стапица на последниот самит, со критиките на сметка на премиерот Виктор Орбан кој се спротивстави на одобрувањето 90 милијарди евра за Украина.
Некои од нив сметаат дека со критиките кон него, европските челници ненамерно ги зголемиле неговите шанси на априлските избори да добие петти премиерски мандат дозволувајќи му да се прикаже дома како единствениот човек способен да ги заштити унгарските интереси, што е негова омилена реторика.

Тој, исто така, оцени дека 12 април е клучен датум не само за Унгарија, туку и за Украина, наведувајќи дека Унгарците јасно можат да испратат порака за време на изборите дека не сакаат да одат во војна, дека не сакаат да испраќаат пари во Украина и дека се противат на нејзиниот влез во Европската Унија.

Нафтата од Русија престана да тече преку нафтоводот Дружба кон Унгарија и Словачка на 27 јануари.

Украина тврди дека причината е руски напад врз нафтената инфраструктура во градот Броди во регионот Лавов.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и словачкиот премиер Роберт Фицо се сомневаат дека Киев ја користи ситуацијата за политички притисок и мешање во унгарската изборна кампања. Украина ги отфрла обвинувањата и тврди дека работи на поправка на оштетената инфраструктура.

ЕУ бара Украина да дозволи пристап до гасоводот „Дружба“

Најнови вести од: Свет

Рекорден пад на нафтените резерви ширум светот

Резервите на нафта ширум светот се намалуваат со рекордно темпо и ќе продолжат да опаѓаат со месеци, бидејќи нарушувањето на снабдувањето од Блискиот Исток поради војната со Иран се интензивира, според Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

Дури 45 милиони луѓе би можеле да гладуваат поради недостаток на ѓубрива чии патишта се блокирани

Работната група на ОН оцени дека отворањето на теснецот е клучно за стабилизирање на глобалниот пазар на храна, бидејќи отсуството на ѓубрива во оваа фаза од земјоделскиот циклус би можело да има долгорочни последици врз приносите низ целиот свет.

Маск повторно до Трамп: Најбогатиот човек го придружува претседателот во Кина, но недостасува едно клучно име

Шеснаесет извршни директори на најголемите американски компании, меѓу кои се Илон Маск од Тесла и Тим Кук од Епл, ќе го придружуваат претседателот Доналд Трамп на неговото патување во Кина оваа недела, соопшти Белата куќа.

Најнови вести

To top