Бизнис

Пивара Скопје ја освои наградата Andrew David Cup 2025

Наградата Andrew David Cup 2025, која се доделува на најуспешната земја во системот на Coca-Cola HBC, оваа година заврши во Македонија

Пивара Скопје е добитник на Andrew David Cup 2025, највисокото признание што Coca-Cola HBC групацијата го доделува на земјата со најдобри вкупни резултати. Наградата ѝ беше врачена на компанијата на лидерската конференција на групацијата во Белград, каде Пивара Скопје беше издвоена како најуспешна меѓу 29 земји членки.

Со ова признание, Пивара Скопје го потврдува континуитетот на високи деловни перформанси и корпоративна култура што ја позиционира компанијата како една од најуспешните во системот на Coca-Cola HBC, но и на домашниот пазар. Важноста на наградата е уште поголема ако се има предвид дека ваквото признание вообичаено го освојуваат единици од големи пазари, како Нигерија, Бугарија или Србија.

Од компанијата велат дека наградата е резултат на заедничката посветеност, професионалноста и тимскиот дух на вработените. Според нив, признанието е потврда за силата на тимот на Пивара Скопје, но и мотив за уште поголема посветеност на иновации, одржлив раст и создавање вредност за потрошувачите, партнерите и заедницата.

Овој успех има тежина и затоа што доаѓа во конкуренција со 29 пазари во рамки на една од најголемите мултинационални групации во индустријата за безалкохолни пијалаци. Во таков контекст, наградата не е само внатрешно корпоративно признание, туку и порака дека компанија од македонскиот пазар може да се наметне со резултати во систем што работи на многу поголеми и поконкурентни терени.

Coca-Cola HBC е мултинационална групација за производство и дистрибуција на безалкохолни пијалаци и стратешки партнер на The Coca-Cola Company. Присутна е на 29 пазари и опслужува повеќе од 750 милиони потрошувачи, со широко портфолио што вклучува брендови како Coca-Cola, Fanta, Sprite, Schweppes, Cappy, FuzeTea, Powerade и Vergnano Coffee.

Најнови вести од: Бизнис

Хуманоста како традиција: „АЛКАЛОИД“ со нова донација за здравјето на најмладите

Од првиот Хуманитарен пикник до денес собрани се близу 14 милиони денари наменети за поддршка на здравствени установи, хуманитарни и граѓански организации, деца, лица со ретки болести, ранливи категории и лица од третото доба, како и за иницијативи за заштита на животната средина

Мицковски: Со завршувањето на проектот за антимон ќе ја зголемиме важноста на Македонија и економскиот стандард

Тој се повикува и на првичните извештаи за резервите, според кои, како што наведува, тие би можеле да бидат значително поголеми од збирните резерви на двете водечки земји во светот во производството на антимон

Хрватска е првата земја што најде решение за македонските транспортери

Хрватска е првата земја што најде решение за македонските превозници. Од 23 септември оваа земја треба да почне да прима барања за долгорочни визи. Ова го најави Билјана Муратовска од Макам-транс. Во другите земји сè уште важи старото правило, возачите можат да бидат во Шенген најмногу 90 дена во период од 180 дена.

To top