Свет

„Немало гасни комори во Аушвиц“, вели полски европратеник

Негирањето на постоењето на гасни комори не е само манифестација на антисемитизам и идеологија на омраза, туку и кривично дело

 

Пполски обвинители започнаа прелиминарна истрага откако екстремно десничарски политичар излезе со тврдење дека немало гасни комори во нацистичкиот логор Аушвиц.

Гжегож Браун, член на Европскиот парламент, и претходно беше обвинет за антисемитизам откако употребил противпожарен апарат за да ги изгаси свеќите за Ханука во полскиот парламент во декември 2023 година како знак на протест против прославата на еврејскиот празник во Полска.

Во интервју за полската радио станица Внет, Браун рече дека „ритуалните убиства се факт, додека нешто како Аушвиц со гасни комори е за жал лажно“, по што новинарот го заврши интервјуто.

Портпаролот на канцеларијата на окружниот обвинител во Варшава потврди дека обвинителите спроведуваат прелиминарна истрага за потенцијалното негирање на нацистичките злосторства од страна на Браун.

Директорот на музејот во Аушвиц предупреди дека „негирањето на постоењето на гасни комори не е само манифестација на антисемитизам и идеологија на омраза, туку и кривично дело“.

Нацистите убиле околу 1,1 милион луѓе во Аушвиц во јужна Полска.

Повеќето од жртвите биле Евреи, но биле убиени и Полјаци, Роми, советски воени заробеници, хомосексуалци и други.

Премиерот Доналд Туск ги опиша зборовите на Браун како „срамни“.

„Мора да направиме сè за да се осигураме дека никој во светот не ја поврзува Полска со такви луѓе, такви лица и такви постапки“, рече тој.

Најнови вести од: Свет

АфД поднесе кривична пријава против Мерц по обвинувањата за „етничко чистење“

Германската партија Алтернатива за Германија (АфД) поднесе кривична пријава против канцеларот Фридрих Мерц, кој во говор во парламентот оваа недела ја обвини антиимиграциската партија дека спроведува политика на „етничко чистење“.

Америка одбележува 25 години од нападот врз кулите близначки

Официјалниот број на загинати изнесува 2.977 лица, не сметајќи ги 19-те киднапери. Жртвите биле државјани на 90 земји. Меѓу загинатите имало 343 пожарникари, како и полицајци и припадници на други служби за итни интервенции

Русија изгуби сто пати повеќе војници во Украина отколку во Авганистан

Според податоците објавени од Генералштабот на вооружените сили на Украина на 9 септември, загубите во рускиот воен персонал од почетокот на целосната инвазија врз Украина надминаа 1,5 милиони загинати и ранети

Најнови вести

To top