Македонија

И портпаролката Кузеска во раководството на СДСМ

Зоран Трифуновски е избран за втор организациски секретар, а Андреј Жерновски за секретар за меѓународна соработка

Портпаролката Богданка Кузеска од вечерва е дел од раководните структури на СДСМ, кој избра нови членови на Централниот и на Извршниот одбор.

Покрај неа, ЦО и ИО „се подновија“ и со Соња Стаменкова, Слободан Чокревски, Тања Илијовска и Рубин Земон.

За меѓународен секретар на партијата е именуван поранешниот лидер на ЛДП и бивш заменик-министер за надворешни работи Андреј Жерновски, а за втор организациски секретар е избран Зоран Трифуновски.

Лидерот Венко Филипче ја претстави новата предлог-платформа на СДСМ, од која ќе произлезе новата програма на опозициската партија.

 

Најнови вести од: Македонија

Се продолжува кризната состојба за нафтата и нафтените деривати за уште шест месеци

Собранието претходно во два наврати ја продолжи кризната состојба откако беше воведена по случувањата на Блискиот Исток, кои доведоа до блокада на снабдувањето на меѓународните пазари со нафта и нафтени деривати.

To top