Регион

Шест говеда од Македонија влегле во Бугарија, властите се мислат како да постапат

Бугарските институциите одлучуваат за шест машки говеда кои пред неколку дена ја преминале границата од Македонија во близина на ќустендилското село Ѓуешево

 

Животните биле заробени и сместени во привремен објект за сточарство на Општината, додека комисија од овластени бугарски и македонски служби одлучила што да се прави во случајот, јавува БНРЊуз.бг.

Животните биле забележани на земјиштето на селото Ѓуешево, а градоначалничката Татјана Георгиева го пријавила случајот во Општината. Тие биле заробени и транспортирани во привремен објект за сточарство.

Сега, Регионалната комисија за контрола на храната, граничните и општинските власти ќе одлучат што да се прави со нив.

„Ќе ги убиеме ли шесте невини македонски говеда“ пишува порталот Днес.бг

Пред неколку години, кравата Пенка ги прекршила граничните ограничувања влегувајќи од Србија во близина на ќустендилското село Олтоманци.

Според европските прописи, по влегувањето од земја надвор од ЕУ, таа морала да биде убиена.

Тоа станало меѓународен проблем – на крајот, кравата била поштедена, а нејзиниот сопственик од селото Копиловци со години се грижел за неа во своето стадо.

 

 

Најнови вести од: Регион

Марта Кос ја одби идејата на Вучиќ и Рама за влез на Србија и Албанија во Шенген-зоната и во ЕУ без полноправно членство!

Еврокомесарката Марта Кос ја отфрли идејата на Рама и Вучиќ за влез во Шенген без полноправно членство, нагласувајќи дека условите се подеднакво строги како и за пристапување во ЕУ. Според неа, Унијата ќе бара реформи без компромис, дури и во моделот на постепена интеграција.

Камионџиите од Босна и Херцеговина на протест, бараат решавање на проблемите

Министерството за комуникации и транспорт на Босна и Херцеговина мора да ги спроведе сите 17 договорени мерки во целосна координација со министерствата на ентитетите без одложување. Конзорциумот истакнува дека роковите за дејствување се итни. Тие забележуваат дека замената на домашните возачи со „увезени решенија“ или префрлањето на проблемот во други земји е директно напуштање на домашната економија.

To top