Лидерот на СДСМ Венко Филипче на социјалните мрежи сам објави видео парче ,,рил” во кој новинар на интервју го прашува едно прашање а тој одговара нешто сосема друго.
Филипче го објавува краткото видео со надеж дека со него ќе добие поени во јавноста прикажувајќи се како човек во кој граѓаните треба да имаат доверба.
,,Ја барам довербата на граѓаните искрено и без скриени намери, истата сигурност што луѓето ќе ми ја доверат како лекар. Jaс сум истиот човек”, вели Филипче иако е прашан за континуитет од Зоран Заев и дали го симнал товарот од владеењето на СДСМ.
Видеото всушност покажува како Филипче го избегнува одговорот на прашањето дали се уште е маша на екс раководството на СДСМ и екс лидерот Зоран.
Рилот е од вчерашното интервју на Топ Тема на Телма
Целото интервју
Фото: СДСМ