
„Претседателот на Албанија Бајрам Бегај денес се наоѓа во работна посета на Македонија. Претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска -Давкова ќе му биде домаќин на Бегај.“ – објави ТВ Алсат.
Телевизијата дополнува во веста: Претседателот на Албанија Бегај ќе биде пречекан во вилата „Билјана“ во Охрид, каде што е закажана средба и работен ручек со македонската претседателка Силјановска-Давкова.