Македонија

ДУИ го повика премиерот да се повлече од ставот за македонскиот како единствен службен јазик

Од партијата оценуваат дека таквиот пристап ја нарушува суштината на Охридскиот договор.

ДУИ остро реагираше на изјавата на премиерот дадена во Собранието во врска со употребата на албанскиот јазик, оценувајќи ја како еден од најзагрижувачките моменти во политичкиот дискурс од потпишувањето на Охридскиот мировен договор.

Во своето соопштение, партијата нагласува дека ставот дека албанскиот јазик може да се користи „колку сакате“, но дека службен јазик е македонскиот, претставува сериозно отстапување од уставниот поредок.

„Тврдењето дека албанскиот јазик може да се користи ‘колку сакате’, но дека службен јазик е македонскиот, не е само политичка изјава, тоа е директно враќање на логиката на Уставот од 1991 година и тогашниот член 7, игнорирајќи го Амандманот V од 2001 година, кој претставува темел на уставниот поредок и на меѓуетничката рамнотежа во државата“, се наведува во реакцијата на ДУИ.

Од партијата оценуваат дека таквиот пристап ја нарушува суштината на Охридскиот договор.

„Овој став ја нарушува суштината на Охридскиот договор, кој не е симболичен компромис, туку реална архитектура на соживот, изградена токму за да ги надмине изворите на конфликт што ги создаде Уставот од 1991 година“, стои во соопштението.

ДУИ предупредува дека релативизирањето на статусот на албанскиот јазик отвора сериозни ризици за меѓуетничките односи.

„Релативизирањето на статусот на албанскиот јазик не е прашање на толкување, туку отворање на опасен пат што директно ги засега меѓуетничките односи и функционалноста на нашата мултиетничка демократија“, велат од партијата.

Во реакцијата се додава дека ваквиот пристап претставува обид за ревизија на постигнатите резултати и чекор назад.

„Овој пристап претставува чекор назад и обид за ревизија на темелните достигнувања на државата, инспириран од логики што се во спротивност со концептот на мултиетничка и демократска држава“, се наведува во соопштението.

На крајот, од ДУИ го повикаа премиерот веднаш да се повлече од оваа позиција и целосно да го почитува уставниот поредок произлезен од Охридскиот договор.

„Го повикуваме Премиерот веднаш да се повлече од оваа позиција и целосно да го почитува уставниот поредок произлезен од Охридскиот договор. Секое отстапување од овој поредок не е само политичка грешка, тоа е удар врз самите темели на соживотот и функционалноста на државата“, се заклучува во реакцијата.

Најнови вести од: Македонија

„Реплек“ одбележува 10 години производство на производи од медицински канабис – реализиран и првиот извоз во ЕУ

Во период кога довербата, стандардите и транспарентноста се клучни во развојот на современата фармацевтска индустрија, „Реплек“ одбележува уште еден значаен јубилеј. Компанијата заокружува 10 години од почетокот на сопственото производство и развој на производи на база на медицински канабис, со што уште во 2016 година стана пионер на домашниот пазар, но и еден од првите регионални играчи.

Ѓорѓиевски: Кацаров е привремено решение, следната недела ќе се избира директор на Универзална сала!

По огласот кој пропадна, Универзална сала доби вршител на должност директор. Миро Кацаров таа функција ќе ја врши само до следниот оглас, кога Универзална сала ќе добие свој директор. Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски за „Курир“ изјави: „Следната недела ќе се распише нов оглас. Повикувам јавно сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите да аплицираат. Јас не велам дека секогаш правиме совршени кадрови потези, сите досега се покажале дека се исправни во Град Скопје, затоа и состојбата е таква каква што е, но овде станува збор за културна институција, апсолутно ми е важно мислењето на граѓаните.“

To top