Последното истражување на јавното мислење на МКД.мк и агенцијата Маркет вижн за рејтинзите на политичките партии и нивните лидери, спроведено од 2 до 18 март, покажува дека граѓаните и натаму најголема доверба имаат во ВМРО-ДПМНЕ и во лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски.
Владеачката партија е веќе безмалку две години на власт, исто толку и Мицкоски е македонски премиер, но нивниот рејтинг и натаму е огромен во споредба со опозицијата.
Вкупниот резултат на сите претседатели на македонските политички партии е помал од бројката за довербата што ја има лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Една четвртина од сите испитаници (25,2%) најголема доверба имаат во Христијан Мицкоски
Втој лидер со најголема доверба а Али Ахмети со 5,6 проценти втор е Димитар Апасиев со 4,2, лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски има 3 проценти а лидерот на СДСМ 3,6.
На прашањето во кој лидер на политичка партија имате најголема доверба, најголем дел од испитаниците немаат доверба во ниту еден од лидерите на политичките партии.