Докторот Ненад Лазаров тврди дека е два пати измамен од Шпаркасе банка, сега за 10 илјади денари.
По инцидентот во кој Шпаркасе Банка не ги евидентирала парите што тој ги внесол на банкомат познатиот лекар најавува прекин на сметката во оваа банка која важеше за професионална.
,,Sparkasse Bank AD Skopje
Вчера нешто пред 18 часот во вашата филијала во Аеродром на Фрањо Клуз на банкомат ставив 10.000 денари на сметка, никаква грешка не добив повратно и си заминав сметајќи дека е се во ред.
До моментов ги немам на сметка парите, се јавив на оператор ваш добив инструкции да одам до филијата да поднесам некакво барање за да ми се вратат те проверат парите зошто до сега тррбало да ги видам на сметка”, пишува Лазаров кој одбива да оди сам да го решава проблемот што го направила Шпаркасе банка.
,,НЕ, ЈАС НЕМА дополнително да се малтретирам него да си подигнете задник и ова да решите ОДМА зошто ќе ве хејтам до моментот додека не ги видам на рачун. Имате камера и на банкоматот и у филијалата све се гледа.
Или нека преброи некој у банкомат, шо сакате напрајте решете го ова.
Ова е втора кардинална ваша зае*анција и мислам дека тука ќе се разделиме и тоа неџентлменски”, порача Лазаров.
Проблемот е решен со брза реакција на Шпаркасе банката на што лекарот се заблагодарува:
,,Sparkasse Bank AD Skopje благодарам на реакција, парите ми се на сметка.
Можело значи да се биде реактивен и ажурен, никогаш немојте да ја потценувате силата на јавноста а тоа сме сите ние заедно”.