Свет

Трамп: Саудискиот принц ми го бакнува задникот! (ВИДЕО)

Овие контроверзни изјави доаѓаат речиси еден месец по почетокот на американско-израелската воена операција против Иран, која започна на 28 февруари со напади врз иранската воена и нуклеарна инфраструктура.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, упати контроверзни изјави за односите со Саудиска Арабија, тврдејќи дека арапските земји тесно соработуваат со Вашингтон во тековната војна против Иран.

Говорејќи на конференцијата „Иницијатива за идни инвестиции“ во Флорида, Трамп изјави дека саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман „му го бакнува задникот“, објаснувајќи го тоа како резултат на значително подобрената позиција на САД на глобалната сцена.

Тој прераскажа наводен разговор со висок саудиски функционер, кој, според неговите зборови, оценил дека САД од „мртва земја“ се претвориле во „најатрактивната земја во светот“. Трамп додаде дека порано таков развој не се очекувал и дека сега лидерите на другите држави мораат да покажуваат поголема наклонетост кон неговата администрација.

И покрај грубиот тон на изјавата, Трамп го пофали престолонаследникот Мохамед бин Салман, нарекувајќи го „фантастичен човек“ и „воин“, и истакна дека Саудиска Арабија може да биде горда на неговото лидерство.

Тој посочи дека Ријад, заедно со Катар, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Кувајт, цврсто застанале на страната на Соединетите Американски Држави во неодамнешниот конфликт со Иран.

Овие контроверзни изјави доаѓаат речиси еден месец по почетокот на американско-израелската воена операција против Иран, која започна на 28 февруари со напади врз иранската воена и нуклеарна инфраструктура.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top