Свет

Птичји грип се шири низ Европа:Нови случаи во повеќе земји

Зголемен ризик од пренесување на вирусот кај луѓето

Птичјиот грип повторно се шири низ Европа. Нови случаи се пријавени во Франција, Полска и уште пет европски земји, предупреди Светската организација за здравје на животните (WOAH).

Во северниот француски регион Па-де-Кале е потврдена зараза со вирусот H5N1 на фарма за живина. Од вкупно 4.300 птици угинале 80, а преостанатите биле усмртени.

По појавата на заразата, француските власти ги заостриле заштитните мерки и прогласиле високо ниво на подготвеност, вклучително и задолжително чување на живината во затворени простории.

Полска го пријавила првиот случај на птичји грип по шест месеци. Заразата е потврдена на фарма за мисирки во североисточниот дел на земјата, каде што имало 18.723 птици.

Од нив 587 угинале, а преостанатите биле усмртени според упатствата на надлежните служби.

Според податоците на WOAH, од минатиот петок случаи на птичји грип пријавиле и Италија, Португалија, Холандија, Норвешка и Велика Британија.

Ширењето на болеста во изминатите години предизвика големи загуби во живинарството и нарушувања во снабдувањето со храна, придонесувајќи и за раст на цените.

Зголемената распространетост на вирусот го зголемува и ризикот од негово пренесување кај луѓето.

Најнови вести од: Свет

Откако пред 11 години широкоградо примаа мигранти

Земјата треба да ја напуштат не само странските државјани кои се должни да заминат и странците осудени за кривични дела, туку и Сиријците, Авганистанците и Украинците, штом престанат да постојат причините поради кои им е доделена заштита

„Русија ќе престане да постои во сегашна форма“

Она што е потребно денес е мирен државен удар – не востание (веќе сме на работ на востание, што би било застрашувачки), туку мирен пренос на власта“, тврди Ивашов смета дека на Путин треба да му се понуди излезна стратегија која би му овозможила да избегне погубување пред стрелачки вод

Руте: НАТО ќе се брани од Русија и во вселената

„Секогаш ќе се погрижиме да го браниме секој сантиметар од територијата на НАТО, а тоа вклучува и обезбедување на нашата безбедност кога станува збор за вселенскиот елемент“, рече генералниот секретар на Алијансата

To top