Свет

Хакерски напад во ЦИА

Сајбер-нападите ја зафатиле мрежата наменета за прибирање разузнавачки податоци од јавно достапни, некласифицирани материјали

Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) и Канцеларијата на директорот на националното разузнавање биле цел на хакери кои успеале да ја пробијат во сајбер-безбедноста, при што биле изложени дел од некласифицирани информации, пренесуваат медиуми.

Нападите ја зафатија мрежата наменета за прибирање разузнавачки податоци од јавно достапни, некласифицирани материјали.

Не е сосема јасно кои точно некласифицирани информации се компромитирани, но според „Њујорк тајмс“, со овој пробив веројатно се изложени и податоци од други владини агенции.

Од Канцеларијата на директорот на националното разузнавање изјавија дека „немало нарушувања на критичните капацитети или на класифицираните системи“.

Канцеларијата на директорот на националното разузнавање потврди за „Ројтерс“ дека немало прекин во функционирањето на критичните системи или на системите што содржат доверливи информации.

Извор запознаен со случајот изјави за „Асошиејтед прес“ дека нападот не опфатил доверливи информации и дека безбедносниот пропуст е решен.

Сè уште не се знае кој стои зад хакерскиот напад.

Оваа вест доаѓа по низа технички дефекти и инциденти поврзани со сајбер-безбедноста, вклучително и пријавен пробив во Министерството за земјоделство на САД. Неодамна беа обелоденети и два одделни пробиви во ФБИ, додека Пентагон и Министерството за внатрешна безбедност, исто така, беа погодени од неодамнешни сајбер-инциденти.

Најнови вести од: Свет

Откако пред 11 години широкоградо примаа мигранти

Земјата треба да ја напуштат не само странските државјани кои се должни да заминат и странците осудени за кривични дела, туку и Сиријците, Авганистанците и Украинците, штом престанат да постојат причините поради кои им е доделена заштита

„Русија ќе престане да постои во сегашна форма“

Она што е потребно денес е мирен државен удар – не востание (веќе сме на работ на востание, што би било застрашувачки), туку мирен пренос на власта“, тврди Ивашов смета дека на Путин треба да му се понуди излезна стратегија која би му овозможила да избегне погубување пред стрелачки вод

Руте: НАТО ќе се брани од Русија и во вселената

„Секогаш ќе се погрижиме да го браниме секој сантиметар од територијата на НАТО, а тоа вклучува и обезбедување на нашата безбедност кога станува збор за вселенскиот елемент“, рече генералниот секретар на Алијансата

To top