Македонија

Села: Сиот политички чинител во Македонија да се вразуми, оти мора да ги направи потребните компромиси, за да влезе таа во ЕУ

„Зијадин Села, лидерот на неговото крило во Алијансата, како дел од Европскиот фронт, го коментираше извештајот за земјата, усвоен од Европскиот парламент. Тој рече дека извештајот е поддадена рака за земјата, која мора да ги направи потребните компромиси, за да стане членка на ЕУ.“ – објави ТВ Алсат. Телевизијата ја пренесе изјавата, што ја даде […]

„Зијадин Села, лидерот на неговото крило во Алијансата, како дел од Европскиот фронт, го коментираше извештајот за земјата, усвоен од Европскиот парламент. Тој рече дека извештајот е поддадена рака за земјата, која мора да ги направи потребните компромиси, за да стане членка на ЕУ.“ – објави ТВ Алсат.

Телевизијата ја пренесе изјавата, што ја даде Села во овој контекст: „Без да навлегувам во детали што се случи во Европскиот парламент,го повикувам целиот политички чинител во Македонија да се вразуми и да ги направи потребните компромиси, за да може Македонија да стане членка на Европската Унија час поскоро, сега кога е јасно дека ЕУ е многу заинтересирана колку е можно побргу сите, а особено Албанија и Македонија, да станат нејзини рамноправни членки. Извештајот за Македонија е и поддадена рака. Ова е главната порака, што мора да ја земеме предвид и на која мора да работиме.“

Најнови вести

To top