Регион

Ал Џезира Балканс се одјави!

Концернот Ал Џезира ја воспостави својата регионална мрежа што ги опфаќа земјите од поранешна Југославија во 2011 година, а прв програмски директор беше Горан Милиќ

Регионалната телевизиска мрежа Ал Џезира Балканс (AJB) денес ја објави последната емисија од својата продукција, а целосното затворање на нејзината програма ќе следи до крајот на јули.

„Ви благодариме за речиси 14 години доверба. Горди сме на секој од 4970-те дена што ги поминавме служејќи ви“, рече
на крајот од пладневните вести денеска, водителката Далија Хасанбеговиќ.

„Се одјавуваме од нашето централно студио во Сараево“, рече таа на крајот.

Концернот Ал Џезира ја воспостави својата регионална мрежа што ги опфаќа земјите од поранешна Југославија во 2011 година, а прв програмски директор беше Горан Милиќ.

Околу двесте вработени во Сараево и студијата во Загреб, Белград, Подгорица и Приштина беа известени за затворањето и отпуштањата во последен момент.

Раководството на AJB не ги објави причините за затворање на програмата, а се шпекулира дека седиштето на Ал Џезира во Доха е незадоволно од финансиските ефекти од овој проект.

Здружението на новинари од БиХ реагираше изразувајќи жалење за затворањето на AJB, со оценка дека станува збор за медиум кој имал целосно стабилно финансирање и високи стандарди за заштита на правата и професионалниот интегритет на своите новинари.

Најнови вести од: Регион

Македонска Фејсбук-страница го тресе врвот на словенечката влада: „Маски паднаа“ со аудио-разговори

Фејсбук-страница администрирана од Македонија се најде во центарот на голем политички скандал што ги тресе словенечките политички кругови во последните денови

„Не сме ничија марионета“ – Вучиќ за влошените односи со Москва и извозот на муниција во Украина

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за германскиот весник „Зидојче Цајтунг“ отворено изрази скептицизам за брзо полноправно членство на Србија во Европската Унија и се залага за модел на „Европа со повеќе брзини“.

To top