Македонија

Македонскиот пасош се искачи на 37. место на „Хенли Паспорт Индекс“

Македонскиот пасош забележа значителен напредок на глобалната листа

Македонскиот пасош забележа значителен напредок на глобалната листа, покажуваат најновите податоци на Хенли пасош индексот (Henley Passport Index).

Од 2008 до 2026 година, Македонија се искачи од 55. на 37. место, со можност за влез без виза во 126 држави.

Интересно е што во 2014 година Македонија достигна 36. место, што е најдобриот резултат досега, но наредната година следеше пад на 46. позиција.

На врвот на листата останува Сингапур, чиј пасош овозможува патување без виза во 192 земји. Од балканските земји пред Македонија се Црна Гора, Србија и Хрватска.

Податоците од Хенли индексот, кој ја мери слободата на патување на граѓаните преку бројот на земји во кои можат да патуваат без виза, покажуваат дека во последните повеќе од една деценија е остварен значителен напредок. Ова е постигнато и покрај фактот што Македонија не е членка на Европската Унија ниту на Шенген зоната.

Овој резултат ја отсликува зголемената мобилност на македонските граѓани и подобрените меѓународни односи кои овозможуваат полесен пристап до странски дестинации.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Протоколите не се дел од Преговарачката рамка, но ставот на бугарската страна е поинаков, поради егзибициите на претходната влада на СДСМ-ДУИ

Протоколите не се дел од Преговарачката рамка, но Бугарија го тврди спротивното, повикувајќи се на тоа што го договорила со претходната влада, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за протоколите за време на посетата на општина Илинден.

Водата за пиење во Крушево е исправна и безбедна за употреба – отстранет е дефектот во хлорирањето

Општина Крушево ја информира јавноста дека, согласно со резултатите од трите последователни лабораториски испитувања, извршени од страна на Центарот за јавно здравје-Прилеп, водата од градскиот водовод ги исполнува сите законски пропишани параметри за квалитет и е здравствено исправна и безбедна за пиење.

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДСМ се на нивна штета

Додека надлежните институции и службите работат деноноќно за целосно надминување на состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, СДС и Венко Филипче продолжуваат со старата пракса, политиканство, манипулации и обид за собирање евтини политички поени врз грбот на граѓаните

To top