Македонија

Партизански внук и македонски Евреин бара извинување од Бугарија и СДСМ за десетици злосторства против човештвото, Евреите и Македонците

Во барањето открива помалку познати факти за бугарските нечовечки однесувања во Македонија

Барањето за извинување кое го упати бугарскиот премиерот Жељасков од својот Македонски колега Мицкоски предизвика реакции во Македонија каде досега ретко кој барал извинување од Бугарија за сторените злосторства во Македонија за време на бугарската окупација во втората светска војна.

 

Адвокатот, партизанскиот внук и македонски Евреин Рале Мизрахи бара извинување од Бугарија за десетици злосторства против човештвото, Евреите и Македонците пред осумдесет години но и за современите неправди кои Бугарија ги прави кон Македонија.

 

,,Како внук на партизани и Евреин чија фамилија е целосно уништена, јавно барам извинување од Република Бугарија за укинувањето на пресудите донесени од Народниот суд во 1945 година, со кои беа осудени извршителите на злосторства врз Евреите, како и за целосната аболиција на злосторниците од Втората светска војна.

 

Барам извинување од синот на цар Борис III, заради поддршката и учеството на неговиот татко во депортацијата и холокаустот на Евреите од Македонија.

Барам извинување за тоа што бугарски европратеници отпоздравуваат со нацистички поздрави во Европскиот парламент.

Барам извинување од Владата на Бугарија за најавите од страна на бугарски министри за одбрана дека ќе испратат инженериски полкови да рушат споменици и обележја од Втората светска војна на територијата на Република Македонија”, порачува адвокатот кој дополнително бара извинување за тоа што бугарски „граѓански“ здруженија формираа клубови со имиња на озлогласени фашисти, како Иван Ванчо Михајлов во Битола и цар Борис III во Охрид.

Мизрахи од Бугарија бара извинување и од бугарски професори и политичари кои јавно тврдат дека е лага оти Царска Бугарија депортирала Евреи во логорот на смртта — Треблинка.

 

,,Барам извинување за јазикот, за историјата, за нацијата. Барам извинување за убиствата на Мите Богоевски, Страшо Пинџур, Цветан Димов, Невена Георгиева Дуња, Стив Наумов, Елпида Караманли, Раде Јовчевски, Естреја Овадија, децата од Ваташа…

 

Барам извинување за 20.000 загинати партизани убиени во борбите со Бугарскиот фашистички окупатор и участок!

За лагите, измислиците, превртливоста и бедните итроштини за тоа кој и од кого ја ослободи оваа света земја!

За уништениот живот на моите баба и дедо, за страдањето на семејството на Најдо Стаменин Орлов, за Бено, за Роза, за Аврам … за убиството на сè што не било врховистичко!

Барам – и не простувам.

7200 невини души ви стојат на совеста, „европејци“, порачува Мизрахи во своето емотивно барање.

 

Тој Најмногу од сè бара извинување од СДСМ за пазарџискиот однос на претходната Влада и нејзините таканаречени “експерти” кон историјата на неговото семејство, неговиот народ, хероите на оваа земја и историјата на Македонија!

 

Мизрахи во барањето открива и малку познати факти за однесувањето на бугарските фашистички окупатори во Македонија.

 

,,Барам Бугарски археолози и историчари да ги откопаат надгробните плочи кои нивната тогашна фашистичка војска ги откорна од еврејските гробишта во Битола за да поплочува патеки и базени во касарната во Битола, да ги најдат исчистат и вратат истите на своето место, како и да кажат каде се телата на Мите Богоевски и Стив Наумов за тие да бидат погребани со сите воени почести, како херои кои тоа го заслужуваат”, бара адвокатот.

 

Фото: Средба Адолф Хитлер и Цар Борис 3

Национална дигитална архива

Најнови вести од: Македонија

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Велика Британија

Во интервјуто за „360 степени“ на Првата програма на Македонската телевизија министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека и покрај тоа што најповиканите во државата – претседателката, премиерот, министерот за надворешни и министерот за внатрешни работи, одговориле на темата, опозицијата одлучи сè уште да ја шири таа паника.  Тој смета дека темата за прием на одбиени баратели на азил во земјава шпекулативно ја отвориле медиуми од Велика Британија и тоа не само за Македонија. „Таква дискусија и намера од нашата влада ниту имало, ниту ќе има. Во ниедна форма, и легални и нелегални, вакви, такви, никакви мигранти нема да бидат примени во нашата држава врз основа на која било форма на договор со Велика Британија.“ – нагласува министерот Муцунски.

Послеконгресно „лавовско ревење“ на Ахмети: Не сум претставник на мачките, туку на лавовите! Ако излезам на улица, повеќе не се враќам!

На денешната предновогодишна средба со новинарите лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека „планот А останува развој и напредок на државата“. Тој изрази „надеж“ дека „нема да оди по план Б“. „Ако излезам на улица, не се враќам повеќе дома. Јас не сум претставник на мачки, туку на лавови!“ – додаде Ахмети. Ова го објави весникот на албански јазик „Лајм“. Што содржи „планот Б“ на „претставникот на лавовите“ – Али Ахмети?! Кому и поради што му се заканува со можно „излегување на улица“, ако не му се исполнел „планот А“, бездруго она што го договориле на нивниот саботен Конгрес?!

To top